Viking AHK 701 Manuel D'utilisation page 107

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
Кон ова Упатство за употреба:
Симболот на камерата служи за
поврзување на сликите од
страниците со слики со
соодветниот текстуален дел во
Упатството за употреба.
Сликите се наоѓаат на самиот почеток
од Упатството за употреба.
Ова Упатство за употреба е
оригинално Упатство за употреба
дадено од производителот, во
согласност со директивата на ЕУ
2006/42/EC.
VIKING постојано работи на
натамошниот развој на својата палета
производи; затоа го задржуваме
правото за промена на обемот на
испораката во поглед на формата,
техниката и опремата.
Од таа причина, од податоците и
сликите од оваа книшка не можат да
произлезат никакви побарувања.
Ова Упатство за употреба е заштитено
со авторски права. Сите права се
задржани, посебно правото на
репродукција, превод и обработка со
електронски системи.
0478 906 9905 A - MK
Печатено на безхлорна хартија. Хартијата може да се рециклира. Заштитното пакување е без халогени
1. Опис на уредот
AHK 701 – Глава за нагрнување што
може да се нагоди
1 Крилни делови на плугот за
нагрнување што можат да се
нагодуваат
2 Сечило на плугот за нагрнување
3 Држач
4 Клин
5 Расцепка
6 Адаптер
7 Клин со стега
AHK 702 – Фиксна глава за
нагрнување
8 Крилни делови на главата за
нагрнување
9 Сечило на плугот за нагрнување
10 Држач
11 Завртка за затегнување
12 Клин
13 Расцепка
14 Адаптер
15 Клин со стега
2. За Ваша безбедност
2.1 Општо
При работењето со уредот
мора да се почитуваат
следниве правила за заштита
од незгода.
елементи.
Пред првото пуштање во
употреба на уредот, треба
внимателно да се прочита
целото Упатство за употреба.
Внимателно чувајте го Упатството за
употреба за натамошно користење.
1
Понатаму, обрнете внимание на
Упатството за употреба на
мотокултиваторот – особено на
безбедносните напомени во поглавјето
„За Ваша безбедност".
Безбедносните напомени во
приложеното Упатство за употреба ги
дополнуваат безбедносните напомени
во Упатството за употреба на
мотокултиваторот.
Внимание – Опасност од повреди!
Главата за нагрнување е наменета
само за правење бразди во почвата,
поинаква употреба не е дозволена.
Главата за нагрнување смее да се
монтира само на уреди на VIKING, кои
се предвидени за тоа. Овластениот
продавач на VIKING ги има
информациите во врска со ова.
Не смеат да се прават никакви измени,
односно приспособувања на главата за
нагрнување.
Освен тоа, секоја промена на главата за
нагрнување води кон прекин на
важноста на гаранцијата.
Опасност од повреда при
подигнување на мотокултиваторот!
Монтираната глава за нагрнување ја
зголемува вкупната тежина на
мотокултиваторот и го менува неговото
тежиште.
105

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Ahk 702

Table des Matières