OBJ_BUCH-2921-001.book Page 113 Friday, July 1, 2016 1:25 PM
Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените поставки-
те на уредот, да ги замените деловите или да го тргне-
те настрана уредот. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните
апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го
користат лица кои не се запознаени со него или не ги
имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати
се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Користење и ракување на батерискиот апарат
Батериите полнете ги со полначи што се
препорачани исклучиво од производителот.
Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен
вид батерии, го користите со други батерии, постои
опасност од пожар.
Затоа користете батерии кои се предвидени за
електричниот апарат. Користењето друг вид батерии
може да доведе до повреди и опасност од пожар.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални предмети,
што може да предизвикаат премостување на
контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата
може да предизвика изгореници или пожар.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на ориги-
нални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете
сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Bosch Power Tools
Безбедносни напомени за батериски
универзален секач
Не обработувајте материјал што содржи азбест.
Азбестот важи како канцероген.
При сечењето внимавајте на каблите што спроведу-
ваат напон. Постои опасност од електричен удар.
При сечењето, никогаш не ја ставајте дланката пред
сечилото. Постои опасност од повреда.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од трајно изложување на сончеви зраци,
оган, вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи пра-
вилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на
лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до безбеднос-
ните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење на еластични,
меки материјали со дебелина од 11 mm, како на пр. тепих,
PVC, картон, видови кожа, ткаенини и слични материјали.
Тој е наменет за прави и криви резови.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Шраф со нарецкана глава
2 Означување на линијата на сечење „Cut Control"
3 подеслив заштитен лим (2–11 мм)
4 Прекинувач за вклучување/исклучување
5 Рачка (изолирана површина на дршката)
6 Батерија
Македонски | 113
1 609 92A 2DF | (1.7.16)