142 | Македонски
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Надворешно всисување (види слики B−C)
При работа без всисување на прав, затворете ги
млазниците за издувување (8) со поклопецот за заштита
од прав (9).
Кога работите со всисувач на прав извадете го
поклопецот за заштита од прав (9).
Адаптерот за всисување (10) вметнете го на млазниците
за издувување (8). Поставете црево за всисување (12)
со универзалниот адаптер (11) на адаптерот за
всисување (10).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Замена на сечилото за пила (види слика D)
Пред да ставите нов брусен лист, отстранете ги
нечистотијата и правта од брусната плоча (6), на пр. со
четкичка.
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да
одговараат со отворите на брусната плоча.
Брусната плоча (6) е опремена со леплива лента, така
што брусните листови со леплива лента може брзо и
едноставно да се прицврстат.
Истресете ја лепливата лента од брусната плоча (6) пред
поставување на брусниот лист (5), за да овозможите
оптимално слепување.
Електричниот алат има 2 брусни листа, кои може
поединечно да се менуваат во зависност од
истрошеноста.
Користете го електричниот алат само доколку се
u
монтирани двата брусни листа.
Користете брусни листови со иста гранулација.
u
Брусниот лист (5) ставете го израмнето на едната страна
од брусната плоча (6), поставете го брусниот лист на
брусната плоча и притиснете го добро.
1 609 92A 8US | (01.08.2023)
За вадење на брусниот лист (5) фатете го за врвот и
извлечете го од брусната плоча (6).
Може да користите брусни листови на Bosch-Delta-
брусилките.
Опремата за брусење како крпи/филц за полирање не се
зацврстува на истиот начин на брусната плоча.
Избор на брусен лист
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање, на располагање ви се различни брусни
листови:
Задача
За обработка на сите материјали, како на пр.
дрво, боја, маса за полнење, лак, цврсто и
меко дрво, како и иверки и метал
За претходно брусење, на пр. за
груби нерендани греди и даски
За рамно брусење и израмнување
на мали нерамнини
За завршно и фино брусење на
цврсти дрва
Менување на основната брусна плоча
Испорачаната брусна плоча (6) се состои од два дела:
основна плоча и заменлива предна плоча. На предната
плоча има леплива лента и истата може да се замени. За
да ја извадите предната плоча, фатете ја за врвот и
извлечете ја.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Не употребувајте сила при ставање на батеријата.
u
Батеријата е дизајнирана на тој начин што може да се
вметне само во правилна позиција во електричниот
алат.
Вметнете ја наполнетата батерија во прифатот за батерии
додека не слушнете дека е вклопена.
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат, лизнете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нанапред
во позиција „I".
За исклучување на електричниот алат, лизнете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) наназад
во позиција „0".
Напомена: Доколку електричниот алат автоматски се
изгаси поради испразнети или прегреани батерии,
исклучете го со прекинувачот за вклучување/
исклучување (2).
Наполнете ја батеријата одн. оставете го електричниот
Гранулација
40−180
грубо
40
средна 80, 120
фино
180
Bosch Power Tools