•
За користење услуги преку мобилна мрежа
потребна е поддршка од мрежата на вашиот
оператор и достапност на релевантни услуги.
Контактирајте со операторот за да активирате
услуги преку мобилна мрежа.
•
Некои од горенаведените карактеристики може
да не се достапни во одредени области поради
мрежна интерференција.
•
Ако ова упатство не е доследно со описот на
официјалната веб-локација, предност ќе има
официјалната веб-локација.
За повеќе информации
Ако се појават проблеми додека го користите уредот,
може да побарате помош од следниве ресурси:
•
Посетете https://consumer.huawei.com/en за да ги
погледнете информациите за уредот, често
поставуваните прашања, како и други
информации.
•
Посетете https://consumer.huawei.com/en/support за
најновите информации за контакт за вашата земја
или регион.
•
Одете до Нагодување и внесете ги следниве
клучни зборови во полето за пребарување за да ги
прегледате соодветните информации. На пример,
Правни информации, Информации за
безбедност, Информации за автентикација,
Логоа за сертификација.
Безбедносни информации
[Предупредување] Внимателно прочитајте ги
сите информации за безбедност пред да го користите
уредот за да бидете сигурни дека работи безбедно и
правилно и да научите како правилно да го фрлите
уредот.
Работа и безбедност
•
За да спречите евентуално оштетување на
слухот, не слушајте многу гласно долг период.
•
Користењето неодобрен или несоодветен адаптер
за струја, полнач или батерија може да го оштети
179