184 | Македонски
Олабавете ги пеперутка-завртките (15) и (8). Навалете ја
пилата странично. Саканата димензија подесете ја на
скалата (6). Повторно затегнете ги пеперутка-завртките
(15) и (8) .
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење (28).
Подесување на аголот на закосување (GKS 165)
Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната
страна на заштитниот капак (17).
Олабавете ја пеперутка-завртката (15). Навалете ја
пилата странично. Саканата димензија подесете ја на
скалата (6). Повторно затегнете ја пеперутка-завртката
(15).
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење (28).
Ознаки за сечење
45
0
Ознаката за сечење 0° (10) ја прикажува позицијата на
сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за
сечење 45° (9) ја прикажува позицијата на сечилото за
пила при сечење под 45°.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата.
Најдобро е да направите пробен рез.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (3) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(2) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (2) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
1 609 92A 4PZ | (06.11.2018)
Претходно бирање на бројот на вртежи (GKS 55+ GCE)
Со вртливото копче за претходно бирање на бројот на
вртежи (1) можете претходно да го изберете потребниот
број на вртежи дури и за време на работата.
Потребниот број на вртежи зависи од употребеното
сечило за пила и материјалот што се обработува
(погледнете го прегледот на сечила за пила на крајот од
ова упатство за работа).
Сопирачка за исфрлување од брзина (GKS 55+ G/
GKS 55+ GCE)
Вградената сопирачка за исфрлање од брзина го
намалува вибрирањето на сечилото за пила по
исклучување на електричниот алат.
Ограничување на стартна струја (GKS 55+ GCE)
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од
16‑A.
Константна електроника (GKS 55+ GCE)
Константната електроника држи постојан број на вртежи
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
45
0
Совети при работењето
Заштитете ги сечилата за пила од удари.
Водете го електричниот алат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на истиот.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително
зависат од состојбата и формата на запците на сечилото
за пила . Затоа користете само остри и соодветни сечила
за пила за делот што го обработувате.
Сечење на дрво
Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот,
квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават
должински или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги,
спирални струготини.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е
особено штетна по здравјето, затоа работете со всисувач
за прав.
Сечење на обоени метали
Напомена: Користете остро сечило за пила погодно
исклучиво за обоени метали. Ова овозможува чист рез и
го спречува заглавувањето на сечилото за пила.
Водете го вклучениот електричен алат на делот што се
обработува и внимателно сечете го. Работете на крај со
мало движење напред и продолжете без прекини.
При сечење на профили, секогаш започнувајте со
сечење на потесната страна, кај U-профили не почнувајте
на отворената страна. Зацврстете ги долгите профили, за
да избегнете заглавување на сечилото за пила и повратен
удар на електричниот алат.
Bosch Power Tools