Télécharger Imprimer la page

Bosch GNA 18V-16 E Professional Notice Originale page 135

Masquer les pouces Voir aussi pour GNA 18V-16 E Professional:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 15
Менување на матрицата
Одвртете ја завртката со нарецкана глава (11) од
држачот на матрицата (7). Извадете ја матрицата (9).
Доколку е потребно, исчистете го држачот на
матрицата (7). Ставете нова, добро подмачкана
матрица (9) во држачот на матрицата. Притоа внимавајте
на израмнетоста на плоснатата страна.
Повторно навртете ја завртката со нарецкана глава (11)
со вметнат гумиран прстен (10). Затегнете ја завртката со
помош на клуч со внатрешна шестоаголна глава, додека
не го почувствувате отпорот на гумираниот прстен
(3−4 Nm).
Менување на втиснувачот
Олабавете ја завртката (4) на држачот на матрицата и
извлечете го целосно држачот на матрицата (7) од
куќиштето.
Вметнете го втиснувачот (8) странично во прифатот и
извлечете го надолу и нанадвор.
Поставете нов, добро подмачкан втиснувач (8) во жлебот
на прифатот и поставете го централно.
Поместете го внимателно држачот на матрицата (7) преку
втсинувачот назад во куќиштето. Зависно од желба на
правецот на сечење, свртете го држачот на матрицата во
една од трите можни позиции. Добро затегнете ја
завртката (4) на држачот на матрицата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Bosch Power Tools
Транспорт
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на
барањата на Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата
и амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и
батериите во домашната канта за ѓубре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската директива 2012/19/EU за стари
електрични и електронски уреди и нивната употреба во
националното законодавство, електричните алати што се
вон употреба и дефектните или искористените батерии
според директивата 2006/66/EC мора одделно да се
соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и
електронската опрема може да имаат штетни влијанија
врз животната средина и здравјето на луѓето поради
можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт
(види „Транспорт", Страница 135).
Srpski
Bezbednosne napomene
Opšte sigurnosne napomene za električne alate
Pročitajte sva sigurnosna
UPOZORENJE
upozorenja, uputstva, ilustracije i
specifikacije isporučene uz ovaj električni alat. Propusti
u pridržavanju svih dolenavedenih uputstava mogu imati za
posledicu električni udar, požar i/ili teške povrede.
Srpski | 135
1 609 92A 8A9 | (20.09.2022)

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

3 601 e29 6