Ставање Во Употреба - Bosch GDS 18 V-EC 250 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GDS 18 V-EC 250 Professional:
Table des Matières

Publicité

OBJ_BUCH-2279-002.book Page 134 Wednesday, May 6, 2015 2:21 PM
134 | Македонски
Поставете го алатот за вметнување 10 на четириаголниот
прифат за алат 1.
Во зависност од системот, алатот за вметнување 10 ќе се
постави на прифатот за алат со мали движења 1; ова нема
влијание на функцијата/безбедноста.
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат 1 и алатот што се вметнува се ставаат во
погон со електромотор со помош на погон и ударен
механизам.
Работната постапка се дели на две фази:
Зашрафување и Прицврстување (ударен механизам во
акција).
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови и
мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Ставање во употреба
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Вметнување на батерија
Прекинувачот за правец на вртење 6 поставете го во
средната позиција, за да го заштитите електричниот
апарат од невнимателно вклучување.
Наполнетата батерија 4 притиснете ја однапред навнатре
во подножјето на електричниот апарат, додека не се
заклучи батеријата.
Поставете го правецот на вртење (види слика B)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 6
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 7 е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: За зашрафување на шрафови и
прицврстување на мутери притиснете го прекинувачот за
менување на правец на вртење 6 на лево до крај.
Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на
шрафови и мутери притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење 6 на десно до крај.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
7 и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 7.
1 609 92A 1CL | (6.5.15)
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 7 се постигнуваат мал број на
вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи.
Совети при работењето
 Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
Вртежниот момент зависи од времетраењето на ударот.
Максималниот постигнат вртежен момент е резултат од
сумата на сите поединечни вртежни моменти постигнати
со удари. Максималниот вртежен момент се постигнува по
времетраење на удар од 6–10 секунди. По овој период,
затезниот вртежен момент се зголемува минимално.
Времетраењето на ударот треба да се одреди за секој
потребен затезен вртежен момент. Постигнатиот затезен
вртежен момент, треба постојано да се проверува со
вртежен момент клуч.
Зашрафување со цврсто, меко и лежиште со пружина
Доколку има обид да се измерат постигнатите удари во
последователни удари и да се пренесат во дијаграм, ќе се
добие крива на текот на вртежни моменти. Висината на
кривата одговара на максималниот постигнат вртежен
момент, а косината покажува кога е постигнат.
Еден вртежен момент зависи од следните фактори:
– Цврстината на шрафовите/мутерите
– Видот на подлогата (диск, подлошка, дихтунг)
– Цврстина на материјалот што се зашрафува
– Подмачканост на шрафовите
Зависно од горенаведените фактори, постојат следниве
видови на примена:
– Цврсто лежиште при зашрафување на метал на метал
со користење на подлошки. Максималниот вртежен
момент се постигнува по релативно кратко време на
удар (кос тек на линијата). Непотребното долго време
на удари и штети на машината.
– Лежиште со пружина при зашрафување на метал на
метал, при користење на прстени-пружини, подлошки,
болцни или шрафови/мутери со конусно лежиште како
и при користење на продолжетоци.
– Меко лежиште при зашрафување на на пр. метал на
дрво, или при користење на оловни или фибер дискови
како подлога.
При меко одн.лежиште со пружина максималниот
вртежен момент на прицврстување е помал отколку при
меко лежиште. Исто така е потребно значително подолго
време на удари.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières