338 | Македонски
Влијанија на мерниот резултат
Поради физички ефекти не може да се исклучи фактот, дека при мерењето на
различни површини доаѓа до погрешно мерење. Тука спаѓаат:
– транспарентни површини (на пр. стакло, вода),
– површини што рефлектираат (на пр. исполиран метал, стакло),
– порозни површини (на пр. изолациски материјали),
– структурирани површини (на пр. груб малтер, природен камен).
Доколку е возможно, на овие површини користете целна табла за ласерот (13)
(опрема).
Грешки при мерењето се исто така можни и кај накосо визирани целни површини.
Исто така на измерената вредност може да влијаат и процепите за вентилација со
различни температури или индиректно примените рефлексии.
Проверка на точноста на мерењето на растојание
Точноста на мерниот уред може да ја проверите на следниов начин:
– Изберете едно непроменливо мерно подрачје со должина од околу 3 до 10 m,
чија должина точно ја знаете (на пр. ширината на просторијата, отворот на
вратата). Мерењето треба да се врши при поволни услови, т. е. мерното подрачје
треба да биде во внатрешниот простор и целната површина на мерењето треба да
биде мазна и добро да рефлектира.
– Измерете го подрачјето 10‑пати едно по друго.
Отстапувањето од средната вредност при поединечните мерења смее да изнесува
максимум ±4 mm на целото мерно подрачје при поволни услови. Запишувајте ги
мерењата, за да може подоцна да ја споредите точноста
Дефект – причини и помош
Причина
Предупредувањето за температура (b) трепка, мерењето не е возможно
Мерниот уред е надвор од работната
температура од –10 °C до + 45 °C.
Приказ „Error" на екранот
Целната површина прејако рефлектира
(на пр. огледало) одн. преслабо (на пр.
црн материјал), или околното светло е
прејако.
1 609 92A 7L2 | (26.04.2022)
Помош
Почекајте додека мерниот уред не ја
постигне работната температура
Користење на целна табла за ласерот
(13) (опрема)
Bosch Power Tools