OBJ_BUCH-2850-004.book Page 218 Friday, November 24, 2017 11:44 AM
218 | Македонски
Телата за брусење смее да се користат само за пред-
видените можности на примена. На пр.: не брусете со
страничната површина на брусната плоча за сечење.
Брусните плочи за сечење се наменети за сечење
материјал со работ на плочата. Со странична употреба на
сила на овие брусни тела, тие може да се скршат.
Секогаш користете неоштетена стезна прирабница
со соодветна големина и облик на брусните плочи.
Соодветната прирабница ја држи брусната плоча и така
ја намалува опасноста од кршење на брусната плоча.
Прирабниците за брусни плочи за сечење се разлику-
ваат од прирабниците за другите брусни плочи.
Не користете истрошени брусни плочи од големи
електрични апарати. Брусните плочи за големи елек-
трични алати не се предвидени за повисок број на врте-
жи за малите електрични апарати и може да се скршат.
Други специјални безбедносни напомени за сечење со
брусни плочи
Избегнувајте блокирање на брусната плоча за
сечење или преголем притисок. Не изведувајте
прекумерно длабоки резови. Преоптоварувањето на
брусните плочи за сечење ја зголемува нивната иско-
ристеност и склоност на закосување или блокирање и
со тоа можноста за повратен удар или кршење на
брусното тело.
Избегнувајте го подрачјето пред и зад ротирачката
брусна плоча за сечење. Доколку брусната плоча за
сечење во делот што се обработува ја придвижувате
подалеку од себе, во случај на повратен удар, елек-
тричниот алат со ротирачката плоча би можел да се
отфрли директно на вас.
Доколку се заглави брусната плоча за сечење или
Вие ја прекинете работата, исклучете го уредот и
држете го мирно, додека плочата не дојде во
состојба на мирување. Не се обидувајте никогаш,
брусната плоча за сечење што се врти да ја вадите
од резот, бидејќи може да настане повратен удар.
Откријте ја причината за заглавување и преземете ги
соодветните мерки.
Не го вклучувајте повторно електричниот апарат,
додека се наоѓа во делот што се обработува. Оста-
вете брусната плоча за сечење да го постигне пол-
ниот вртежен момент, пред да продолжите со резот.
Инаку, плочата може да се заглави, да излета од делот
што се обработува или да предизвика повратен удар.
Потпрете ги плочите или големите делови за
обработка, за да го избегнете ризикот од повратен
удар поради заглавената брусна плоча за сечење.
Големите делови што се обработуваат може да се
свиткаат под својата тежина. Делот што се обработува
мора да го потпрете на двете страни од плочата, како во
близина на местото на сечење, така и на рабовите.
Особено бидете претпазливи при длабинско сечење
во скриено подрачје, како на пример, во ѕид.
Брусната плоча за сечење која пресекла гасовод или
водоводни цевки, електрични кабли или други објекти
може да предизвика повратен удар.
1 609 92A 47W | (24.11.17)
Специјални безбедносни напомени за брусење со
брусна хартија
Не користете предимензионирани брусни листови,
туку следете ги податоците на производителот за
големината на брусниот лист. Брусните листови, кои
стрчат над брусните дискови, може да предизвикаат
повреди како и блокирање, кинење на брусните
листови или повратен удар.
Специјални безбедносни напомени за работење со
жичани четки
Внимавајте на тоа дека и за време на вообичаената
употреба на жичаните четки, може да се изгубат
делови од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците
со висок притисок на површината. Деловите од
жицата може да летнат и да навлезат низ лесната облека
и/или во кожата.
Доколку користите заштитна хауба, не дозволувајте
таа да дојде во контакт со жичаните четки. Четките во
облик на чинија или лонец, заради притисокот и
центрифугалната сила може да го зголемат својот
дијаметар.
Дополнителни сигурносни напомени
Носете заштитни очила.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/
исклучување и ставете го во позиција Исклучено,
доколку се прекине напојувањето со струја, на пр.
по вадење на акумулаторот.
Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи пра-
вилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на
лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Bosch Power Tools