•
Јајцата во лушпа и цели тврдо варени јајца не
треба да се загреваат во микробранова печка,
бидејќи може да експлодираат, дури и кога
загревањето во печката завршило.
•
Кога ги чистите површините на вратата, гумата
околу вратата и внатрешноста на печката,
користете само благи, неабразивни сапуни или
детергенти кои се нанесуваат со сунѓер или со
мека крпа.
•
Печката треба редовно да се чисти и да се
отстрануваат сите наслаги од храна.
•
Неодржувањето на печката во чиста состојба
може да доведе до пропаѓање на површината,
што може негативно да влијае врз векот на
траење на апаратот и евентуално да доведе до
опасна ситуација.
•
Ако доводниот кабел е оштетен, мора да биде
заменет од производителот, неговиот сервисер
или слично квалификувано лице за да се
избегне опасност.
•
Не оставајте кабелот да виси над работ од
масата или работната површина.
•
За да избегнете опасна ситуација, никогаш не
поврзувајте го овој апарат на надворешен
тајмер или систем за далечинско управување.
•
Никогаш не менувајте ја светилката внатре во
печката. Секогаш мора да ја замени сервисер
на Хајсенс.
•
Не чистете го апаратот со чистачи на пареа,
средства за чистење под притисок, остри
предмети, абразивни средства за чистење и
абразивни сунѓери и отстранувачи на дамки.
134