Télécharger Imprimer la page

Bosch GKF 600 Professional Notice Originale page 148

Masquer les pouces Voir aussi pour GKF 600 Professional:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
148 | Македонски
– Проверете ја подесената длабочина на глодање со
практичен обид и доколку е потребно коригирајте ја.
За фино подесување на длабочината на глодање
постапете на следниот начин:
– При отворен затегнувачки лост (10) поставете ја
погонската единица со обележувачот 
ознаката  .
– Со тркалцето за подесување (3) подесете ја саканата
длабочина на глодање.
– Затворете го затегнувачкиот лост.
Совети при работењето
Заштитете ги алатите за глодање од удари.
u
Обликување и глодање на рабови (види слика G)
При обликување и глодање на рабови без паралелен
граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии-
водилки или куглично лежиште.
Водете го вклучениот електричен алат странично на
делот што се обработува, додека чивиите-водилки или
кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ од
делот што се обработува.
Водете го електричниот алат по работ на делот за
обработка. Притоа внимавајте на точниот агол при
потпирањето. Преголемиот притисок може да го оштети
работ на делот што се обработува.
Глодање со паралелен граничник (види слика H)
За сечење паралелно по рабови може да монтирате
паралелен граничник (17).
Прицврстете го паралелниот граничник (17) на корпата
за глодалка (2) со назабена завртка (16).
Со пеперутка-завртката на паралелниот граничник (18)
поставете ја саканата длабочина на граничникот.
Водете го вклучениот електричен алат со рамномерно
движење и страничен притисок на паралелниот
граничник по должината на работ од делот што се
обработува.
Глодање со помагало при водење (види слика I)
Помагалото при водење (19) служи за глодање на рабови
со глодалка без чивии-водилки или кугличесто лежиште.
Прицврстете го помагалото при водење на корпата за
глодалка (2) со навртка (16).
Водете го електричниот алат по работ на делот за
обработка со еднаков притисок.
Странично растојание: За да ја промените количината
на отстранет материјал, можете да го подесите
страничното растојание помеѓу делот за обработка и
лизгачкиот валјак (22) на помагалото при водење (19).
Олабавете ја пеперутка-завртката (20), поставете го
страничното растојание со вртење на пеперутка-
завртката (21) и повторно затегнете ја пеперутка-
завртката (20).
Висина: Во зависност од употребената глодалка и
дебелината на делот што се обработува подесете го
вертикалното израмнување на помагалото при водење.
1 609 92A 7XZ | (18.07.2022)
Олабавете ја навртката (16) на помагалото при водење,
притиснете го истото во саканата позиција и повторно
затегнете ја завртката.
Монтирање поклопец на корпата на глодалката
(види слика J)
на
При интензивна употреба на електричниот апарат
корпата на глодалката станува жешка. Во ваков случај
како заштита на дланките може да се монтира поклопец
на корпата на глодалката (опрема).
Извадете го затегнувачкиот лост (10).
Ставете го поклопецот на корпата на глодалката (23) на
горната страна на корпата на глодалката (2).
Повторно завртете го затегнувачкиот лост така што при
затворен затегнувачки лост, погонската единица (1)
сигурно ќе се задржи во корпата на глодалката.
Глодање со корпа за аголната глодалка
(види слики K–M)
Корпата за аголната глодалка (24) е особено погодна за
рамно глодање на ламинирани рабови на тешко достапни
места, за глодање на специјални агли како и закосување
на рабови.
При глодање на рабови со корпа за аголна глодалка,
алатот за глодање мора да биде опремен со чивии-
водилки или куглично лежиште.
За монтажа на корпата за аголната глодалка следете ги
работните чекори во соодветниот дел (види „Монтирање
на корпата на глодалката (види слика E)", Страница 147).
За постигнување на прецизни агли, корпата за аголната
глодалка (24) има 7,5°-позиции за фиксирање. Вкупното
поле на подесување изнесува 75° (45° нанапред и 30°
наназад).
Олабавете ги двете пеперутка-завртки (25).
Поставете го саканиот агол со помош на скалата (26) и
повторно затегнете ги пеперутка-завртките (25).
Промена на лизгачката плоча (види слика N)
Лизгачката плоча (30) може да се монтира наместо
лизгачката плоча (6) и има дополнителна рачка (27) како
и можност за приклучок на всисувач за прав.
– Одвртете ги четирите цилиндрични завртки на долната
страна на лизгачката плоча (6) и извадете ја истата.
– Цврсто завртете ја лизгачката плоча (30) со
испорачаните завртки за прицврстување.
За да приклучите всисувач за прав, на лизгачката
плоча (30) мора да монтирате адаптер за всисувач (29).
– Прицврстете го адаптерот за вшмукување со двете
испорачани завртки на лизгачката плоча.
– Прикачете го цревото за всисување (Ø 35 mm) на
монтираниот адаптер за всисување.
– За да овозможите оптимално вшмукување, треба
редовно да го чистите адаптерот за всисување.
За обработка на рабови дополнително користете ја
хаубата за всисување (28).
– Монтирајте ја хаубата за всисување помеѓу лизгачката
плоча (30) и адаптерот за всисување (29).
Bosch Power Tools

Publicité

loading