Bosch GTC 400 C Professional Notice Originale page 227

Masquer les pouces Voir aussi pour GTC 400 C Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 26
OBJ_BUCH-3136-002.book Page 227 Tuesday, August 22, 2017 6:26 PM
Монтажа
Напојување со енергија
Мерниот уред може да се користи со обични батерии (AA-
батерии тип LR6 или сличен) или со литиум-јонски
батерии од Bosch.
Работа со батериски адаптер (може да се извади)
(види слика A)
Батериите се ставаат во батерискиот адаптер.
 Батерискиот адаптер е наменет исклучиво за
предвидените мерни уреди на Bosch и не смее да се
користи со електрични апарати.
За ставање на батериите ставете ја обвивката на
батерискиот адаптер 21 во отворот за акумулаторот 18.
Ставете ги батериите според сликата на капачето за
затворање 20 во обвивката. Ставете го капачето за
затворање над обвивката, додека не се вклопи правилно и
не легне рамно со дршката на мерниот уред.
За вадење на батериите притиснете на
копчињата за отклучување 19 на капачето за
затворање 20 и повлечете го. Притоа внима-
вајте да не испаднат батериите. Држете го
мерниот уред со отворот за акумулатор 18
нагоре. Извадете ги батериите. За да ја извадите
внатрешната обвивка 21 од отворот за акумулаторот 18,
посегнете во процепот на обвивката 22 и извлечете ја
од мерниот уред со лесен притисок на страничниот ѕид
(види слика B).
Напомена: За вадење на батеријата не користете алат (на
пр. одвртувач), инаку обвивката може да се скрши.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
 Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите. Доколку се подолго
време складирани, батериите може да кородираат и да
се испразнат.
Работа со батерија (види слика C)
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашиот мерен уред може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на мерниот уред.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
 Користете ги само полначите коишто се наведени во
Технички податоци. Само овие уреди за полнење се
погодни за литиум-јонскиот акумулатор што се користи
за Вашиот мерен уред.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не ú наштетува на батеријата.
 По автоматското исклучување на мерниот уред, не
притискајте на копчето за вклучување-
исклучување. Батеријата може да се оштети.
За ставање на наполнетиот акумулатор 23 притиснете го
истиот во отворот за акумулатор 18, додека не се вклопи
правилно и не легне рамно со дршката на мерниот уред.
Bosch Power Tools
За вадење на батеријата 23 притиснете на копчињата за
отклучување 19 и извлечете ја од отворот 18. Притоа не
употребувајте сила.
Приказ на состојбата на наполнетост
Приказот на состојбата на наполнетост f на екранот ја
покажува состојбата на наполнетост на батериите одн.
акумулаторот 23.
Приказ
Капацитет
>2/3
≤2/3
≤1/3
≤10 %
Менување на батериите одн.
акумулаторот
Употреба
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба. При екстремни температури или
осцилации во температурата, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
 Внимавајте на правилната аклиматизација на
мерниот уред. При јаки температурни осцилации или
околни услови што можат многу да се променат може
да се наруши точноста на мерењето на мерниот уред,
додека тој целосно не се аклиматизира.
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. По силните надворешни влијанија и при
девијации во функционалноста, мерниот уред треба да
се провери во овластена сервисна служба на Bosch.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За мерење отворете го заштитното капаче 1. За време на
работата внимавајте да не се затвори или покрие
инфрацрвеното мерно поле.
За вклучување на мерниот уред, притиснете го копчето
за вклучување-исклучување 9. На екранот 14 се појавува
стартна секвенца. По стартната секвенца, мерниот уред
веднаш започнува со мерењето и континуирано го
извршува сѐ до исклучувањето.
Напомена: Во првите минути може да се случи мерниот
уред почесто да се самоподесува, бидејќи температурата
на сензорот и околната температура сѐ уште не се
изедначени. Новото калибрирање овозможува прецизно
мерење. За време на калибрирањето топлотната слика
кратко се замрзнува.
Македонски | 227
1 609 92A 3RD | (22.8.17)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières