Télécharger Imprimer la page

Samsung NQ5B4553F Serie Manuel D'utilisation page 520

Masquer les pouces Voir aussi pour NQ5B4553F Serie:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 416
Одржување
Чистење
Чистете ја печката редовно за да спречите наталожување на нечистотии на или во печката. Исто така,
добро внимавајте на вратата и на гумичката на вратата (само за моделите кај кои е применливо).
Ако вратата не се отвора или затвора непречено, прво проверете дали на заштитата на вратата се
наталожиле нечистотии. Исчистете ја надворешната и внатрешната страна на печката со мека крпа и
сапуница. Исплакнете и исушете добро.
Како да отстраните тврдокорни нечистотии со лоша миризба во внатрешноста на печката
1.
Кога печката е отворена, ставете чаша со разблажен лимонов сок во средината.
2.
Загрејте ја печката 10 минути на максимална моќ.
3.
По завршување на циклусот, почекајте да се излади печката. Потоа, отворете ја вратата и
исчистете го просторот за готвење.
ВНИМАНИЕ
Вратата и површината за затворање треба да бидат чисти и погрижете се вратата да се отвора и
затвора непречено. Во спротивно, работниот век на печката може да се намали.
Внимавајте да не истурите вода во отворите на печката.
Не користете какви било абразивни или хемиски супстанции за чистење.
По секое користење на печката, користете благ раствор од детергент за да го исчистите
просторот за готвење, откако печката ќе се излади.
14 Македонски
FULL_NQ5B4553FBK_U3_DG68-01421C-01_HR+SR+SL+CS+SK+EN+DE+IT+ES+FR+SQ+MK.indb 14
FULL_NQ5B4553FBK_U3_DG68-01421C-01_HR+SR+SL+CS+SK+EN+DE+IT+ES+FR+SQ+MK.indb 14
Замена (поправка)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Оваа печка нема делови кои корисникот може сам да ги замени. Не обидувајте се сами да ѝ менувате
делови или да ја поправате печката.
Ако настане проблем со шарките, површината на затворање и/или вратата, обратете се кај
квалификувано техничко лице или во локалниот сервисен центар на Samsung за да добиете
техничка помош.
Ако сакате да ја замените светилката, обратете се во локалниот сервисен центар на Samsung.
Не заменувајте ја самите.
Ако настане проблем со надворешното куќиште на печката, прво исклучете го кабелот за
напојување од изворот за напојување, а потоа обратете се во локалниот сервисен центар на
Samsung.
Заштита од неактивност во долги временски периоди
Ако печката не се користи долг временски период, исклучете го кабелот за напојување и преместете
ја печката на суво место без прав. Наталожувањето на прав и влага во внатрешноста на печката може
да влијае врз перформансите на печката.
15/7/2022 10:33:46 AM
15/7/2022 10:33:46 AM

Publicité

loading