Подесување на режимот на работа
AdvancedDrill 18V-80:
Завртување
За да навртите мали и средни завртки,
1
20
поставете го прстенот за прилагодување на
вртежен момент (4) на саканиот вртежен
момент.
Навртување и дупчење
За да навртите мали и средни завртки,
поставете го прстенот за прилагодување на
вртежен момент (4) на симболот „Дупчење/
Навртување MAX".
AdvancedImpact 18V-80:
Завртување
За да навртите мали и средни завртки,
поставете го прстенот за прилагодување на
претходно подесување на режимот на
работа (5) на симболот „Навртување".
Поставете го прстенот во претходно
избраниот вртежен момент (4) на саканиот
1
20
вртежен момент. За максимален вртежен
момент поставете го прстенот за претходно
подесување на режимот на работа (5)
ознаката „Дупчење/Навртување MAX".
Навртување и дупчење
За да навртите мали и средни завртки,
поставете го прстенот за прилагодување на
претходно подесување на режимот на
работа (5) на симболот „Дупчење/
Навртување MAX".
Ударно дупчење
За ударно дупчење во ѕид поставете го
прстенот за прилагодување на претходно
подесување на режимот на работа (5) на
ознаката „Ударно дупчење".
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(13) и држете го притиснат.
Работното светло (11) свети при малку или целосно
притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (13)
и овозможува осветлување на работното поле при
услови на слаба осветленост.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (13).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (13).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (13) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Bosch Power Tools
Целосна автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (13)
не е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот на
алатот ќе се фиксира (3).
Ова овозможува навртување на завртки и при
испразнета батерија (9) одн. користење на електричниот
алат како одвртувач.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
надминување на дозволената температура на батеријата
електрониката го исклучува електричниот алат, додека не
се врати во оптималните граници на температура.
Средното LED светло на приказот за наполнетост на
батеријата трепка.
Совети при работењето
Електричниот алат ставете го на завртката само
u
доколку е исклучен. Доколку алатите што се
вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се
превртат.
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
u
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Македонски | 179
1 609 92A 9H7 | (19.02.2024)