Télécharger Imprimer la page

Bosch GWS 9-115 S Professional Notice Originale page 255

Masquer les pouces Voir aussi pour GWS 9-115 S Professional:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 27
Монтажа
Монтирање на заштитен уред
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати
во сервисната служба, за адресата погледнете во делот
„Сервисна служба и совети при користење".
Заштитен капак за брусење
Ставете го заштитниот капак
(9) на прифатот од
електричниот алат, додека
кодираните запци на
заштитниот капак не се
поклопат со прифатот.
Притоа, притиснете го и
држете го лостот за
отклучување (1).
Притиснете го заштитниот
капак (9) на грлото на
вретеното додека венецот
на заштитниот капак не
легне на прирабницата на
електричниот алат и вртете
го заштитниот капак додека не осетите дека се вклопил.
Подесете ја позицијата на заштитната хауба (9) според
потребите на работниот процес. Притоа, притиснете го
лостот за отклучување (1) нагоре и завртете го
заштитниот капак (9) во саканата позиција.
Секогаш поставувајте го заштитниот капак (9) така
u
што двата запци на лостот за отклучување (1) во
соодветните отвори на заштитниот капак (9) ќе
влезат.
Поставете ја заштитната хауба (9) на тој начин што
u
ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Заштитниот капак (9) смее да се врти само со
u
притискање на лостот за отклучување (1)! Инаку,
електричниот алат не смее да се користи и мора да
се предаде на сервисната служба.
Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (9)
гарантираат, дека на електричниот алат може да се
монтира само еден заштитен капак што му одговара.
Капак за всисување при брусењето
За брусење на бои, лакови и пластика со лончести плочи
од цврст метал (13) каде што не се создава многу прав
може да го користите капакот за всисување (8). Капакот
за всисување (8) не е погоден за обработка на метал.
На капакот за всисување (8) може да се приклучи Bosch-
всисувач. За таа цел, ставете го цревото за всисување со
адаптерот за всисување во предвидените делови за
вметнување на хаубата за всисување.
Bosch Power Tools
Заштитна хауба за сечење
За сечење секогаш користете заштитна хауба за
u
сечење (10) или заштитна хауба за брусење (9)
заедно со поклопецот за сечење (11).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (10) се монтира како
заштитна хауба за брусење (9).
Поклопец за сечење од метал
Монтирајте го поклопецот за сечење (11) од метал на
заштитната хауба за брусење (9) (види слика A):
Навалете го заштитниот држач наназад (➊). Ставете го
поклопецот (11) на заштитната хауба за брусење (9)(➋).
Цврсто притиснете го заштитниот држач за
прицврстување на заштитната хауба (9) (➌).
За демонтирање (види слика B) притиснете го копчето на
заштитниот држач (➊) и навалете го наназад (➋).
Извлечете го поклопецот (11) од заштитната хауба (9)
(➌).
Поклопец за сечење од пластика
Ставете го поклопецот за сечење (11) од пластика на
заштитната хауба за брусење (9) (види слика C).
Поклопецот (11) се вклопува звучно и видливо на
заштитната хауба (9).
За демонтирање (види слика D) отклучете го
поклопецот (11) на заштитната хауба (9) (➊) лево или
десно и извлечете го поклопецот (➋).
Заштита за дланките
Секогаш монтирајте ја заштитата за раце кога
u
работите со гумениот брусен диск (24) или со
лончестата четка/конусната четка/дијамантската
крунеста бургија (23).
Прицврстете ја заштитата за рацете (23) со
дополнителната рачка (7)/(6).
Стандардна-дополнителна рачка/дополнителна рачка
за придушување на вибрациите
Навртете ја дополнителната рачка (7)/(6) од десно или
од лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (7)/(6).
Не продолжувајте со работа со електричниот алат,
u
ако дополнителната рачка (7)/(6) е оштетена. Не
вршете промени на дополнителната рачка (7)/(6).
вибрации и пријатна и безбедна работа.
Монтирање на брусни алати
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Македонски | 255
Дополнителната рачка за
придушување на
вибрациите (6)овозможув
а работење со мали
1 609 92A 76H | (22.11.2022)

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gws 9-125 s professional