•
Чувајте ја батеријата подалеку од оган и не
расклопувајте ја, не изменувајте ја, не фрлајте ја и
не гмечете ја. Не ставајте туѓи тела во неа, не
потопувајте ја во вода или други течности и не
изложувајте ја на надворешна сила или притисок
бидејќи тоа може да предизвика истекување,
прегревање и запалување на батеријата, па дури и
пожар.
•
Фрлете ги уредот, батеријата и додатоците според
локалните прописи. Не треба да се фрлаат во
нормалниот отпад од домаќинствата.
Неправилното користење на батериите може да
предизвика пожар, експлозија или други опасности.
•
Овој уред содржи вградена батерија. Не обидувајте
се да ја замените батеријата сами. Во спротивно,
уредот може да не работи правилно или може да
се оштети батеријата. За ваша безбедност и за да
се обезбеди правилна работа на уредот, се
препорачува да контактирате со овластен сервисен
центар на Huawei за да ја изврши замената.
•
Уредот е тестиран во контролирана околина и е
сертифициран дека е отпорен на вода и прашина
во одредени ситуации (ги исполнува барањата
пропишани во класификацијата IP68 кои што се
опишани во меѓународниот стандард IEC 60529).
Отпорноста на вода и прашина не е трајна состојба
и таа може да се намали како резултат на
нормалното абење од користењето. Не полнете го
уредот во влажни услови. Посетете ја веб-
локацијата https://consumer.huawei.com/en/support
за детален опис на оваа функција.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата
или амбалажата значат дека производите и
батериите треба да се однесат во посебни места за
собирање отпад одредени од локалните власти по
крајот на работниот век. На тој начин ќе се обезбеди
дека отпадот од електричната и електронската
опрема ќе се рециклира и ќе се третира на начин што
ги зачувува вредните материјали и го заштитува
здравјето на луѓето и околината.
184