Télécharger Imprimer la page

Bosch GWS Professional 780 C Notice Originale page 177

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
OBJ_BUCH-161-007.book Page 177 Thursday, August 22, 2013 3:50 PM
 Секогаш користете неоштетена стезна прирабница
со соодветна големина и облик на брусните плочи.
Соодветната прирабница ја држи брусната плоча и така
ја намалува опасноста од кршење на брусната плоча.
Прирабниците за брусни плочи за сечење се
разликуваат од прирабниците за другите брусни плочи.
 Не користете истрошени брусни плочи од големи
електрични апарати. Брусните плочи за големи
електрични алати не се предвидени за повисок број на
вртежи за малите електрични апарати и може да се
скршат.
Други специјални безбедносни напомени за
сечење со брусни плочи
 Избегнувајте блокирање на брусната плоча за
сечење или преголем притисок. Не изведувајте
прекумерно длабоки резови. Преоптоварувањето на
брусните плочи за сечење ја зголемува нивната
искористеност и склоност на закосување или
блокирање и со тоа можноста за повратен удар или
кршење на брусното тело.
 Избегнувајте го подрачјето пред и зад ротирачката
брусна плоча за сечење. Доколку брусната плоча за
сечење во делот што се обработува ја придвижувате
подалеку од себе, во случај на повратен удар,
електричниот алат со ротирачката плоча би можел да се
отфрли директно на вас.
 Доколку се заглави брусната плоча за сечење или
Вие ја прекинете работата, исклучете го уредот и
држете го мирно, додека плочата не дојде во
состојба на мирување. Не се обидувајте никогаш,
брусната плоча за сечење што се врти да ја вадите
од резот, бидејќи може да настане повратен удар.
Откријте ја причината за заглавување и преземете ги
соодветните мерки.
 Не го вклучувајте повторно електричниот апарат,
додека се наоѓа во делот што се обработува.
Оставете брусната плоча за сечење да го постигне
полниот вртежен момент, пред да продолжите со
резот. Инаку, плочата може да се заглави, да излета од
делот што се обработува или да предизвика повратен
удар.
 Потпрете ги плочите или големите делови за
обработка, за да го избегнете ризикот од повратен
удар поради заглавената брусна плоча за сечење.
Големите делови што се обработуваат може да се
свиткаат под својата тежина. Делот што се обработува
мора да го потпрете на двете страни од плочата, како во
близина на местото на сечење, така и на рабовите.
 Особено бидете претпазливи при длабинско сечење
во скриено подрачје, како на пример, во ѕид.
Брусната плоча за сечење која пресекла гасовод или
водоводни цевки, електрични кабли или други објекти
може да предизвика повратен удар.
Bosch Power Tools
Специјални безбедносни напомени за
брусење со брусна хартија
 Не користете предимензионирани брусни листови,
туку следете ги податоците на производителот за
големината на брусниот лист. Брусните листови, кои
стрчат над брусните дискови, може да предизвикаат
повреди како и блокирање, кинење на брусните
листови или повратен удар.
Специјални безбедносни напомени за
работење со жичани четки
 Внимавајте на тоа дека и за време на вообичаената
употреба на жичаните четки, може да се изгубат
делови од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците
со висок притисок на површината. Деловите од
жицата може да летнат и да навлезат низ лесната облека
и/или во кожата.
 Доколку користите заштитна хауба, не дозволувајте
таа да дојде во контакт со жичаните четки. Четките во
облик на чинија или лонец, заради притисокот и
центрифугалната сила може да го зголемат својот
дијаметар.
Останати напомени за безбедност и
работење
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 Деблокирајте го прекинувачот за
вклучување/исклучување и ставете го во позиција
Исклучено, доколку се прекине напојувањето со
струја, на пр. по снемување струја или влечење на
струјниот приклучок. Со тоа ќе спречите
неконтролирано рестартирање на уредот.
 Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето и да доведе до алергиски
реакции, заболувања на дишните патишта и/или
рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
Македонски | 177
1 609 92A 0EK | (22.8.13)

Publicité

loading