OBJ_BUCH-1406-004.book Page 177 Thursday, September 24, 2015 1:26 PM
Бидете сигурни дека
отсечоците што летаат од
машината нема да ги повредат
лицата што стојат околу
уредот. Внимавајте другите
лица да се на безбедно
растојание од машината.
Носете заштитни очила.
Извадете ја батеријата пред
чистење или подесување на
машината, како и ако ја
оставате без надзор, макар и
само на кратко.
Не работете кога врне и не
оставајте ја батеријата на
дожд.
Не користете ја машината ако
е оштетен напојниот кабел.
Ракување
Никогаш не дозволувајте им на деца
и луѓе кои не се запознаени со овие
инструкции да ја користат косачката.
Локалните прописи можат да ја
ограничат возраста на ракувачот.
Чувајте ја косачката вон дофат на
деца кога не ја употребувате.
Оваа косачка не е наменета на
личности (и деца) со ограничени
физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на
искуство и знаење, освен ако не им
се обезбедени соодветни
инструкции или надзор за употреба
на косачката од страна на личност
одговорна за нивната безбедност.
Внимавајте децата да не си играат
со косачката.
Bosch Power Tools
Ракувачот е одговорен за штетата
нанесена на други луѓе или имот.
Додека ја користите машината, во
круг од најмалку 3 метри не треба
да има луѓе и животни. Ракувачот
на машината е одговорен за
безбедноста на трети лица во
нејзината близина.
Не користете ја машината кога во
непосредна близина има животни,
луѓе, а особено деца.
Користете ја машината само по
дневна светлина или под добро
осветлување.
Не користете ја косачката боси или
со отворени сандали. Носете крути
обувки и долги пантолони.
Ако носите лабава облека,
внимавајте таа да не се вовлече во
отворот за воздух, бидејќи тоа
може да предизвика повреда.
Употребувајте ја машината
исклучиво со прикачена млазница.
Доколку имате долга коса,
внимавајте таа да не се вовлече во
отворот за воздух, бидејќи тоа
може да предизвика повреда.
На коси површини чекорете
внимателно и стабилно.
Не дозволувајте нечистотија и
отпадоци да влегуваат во отворите
за ладење.
Лисјата и нечистотијата не дувајте
ги кон луѓето што стојат во близина.
Не вршете никакви преправки на
косачката. Неовластените
модификации можат да доведат до
нарушување на безбедноста на
косачката, или да ја зголемат
бучавата или вибрациите.
Македонски | 177
F 016 L81 283 | (24.9.15)