Лиценцирање софтвер со отворен изворен код
5
Лиценцирање софтвер со отворен изворен код
Во овој производ се содржат софтверски компоненти лиценцирани од
сопственикот на правата со GNU General Public License (GPL), GNU Lesser
General Public License (LGPL) или друга лиценца за софтвер со отворен изворен
код. Овие лиценци наложуваат изворниот код да биде достапен. Тековните
текстови за лиценца се достапни на K 30 RF и може да се прегледуваат преку
апликацијата Bosch HomeCom Easy.
Изворниот код на софтверските компоненти не се испорачува заедно со овој
производ. Изворниот код за овие софтверски компоненти на физички медиум
(CD или DVD) може да го добиете со испраќање писмено барање на адресата на
нашата канцеларија за софтвер со отворен изворен код во кое ќе бидат
наведени производот и датумот на купување.
Bosch Thermotechnik GmbH
TT/XAR K30 OSS
Werk Lollar
Postfach 11 61
35453 Lollar
Германија
Го задржуваме правото да ви наплатиме (до макс. 20 €) за да ги покриеме
трошоците за овозможување на изворниот код.
Барањето може да го испратите (i) во рок од три (3) години од датумот на којшто
сте го добиле производот што содржи бинарна датотека од побараната
компонента или (ii), во случај на код според GPL v3, сè додека Bosch
Thermotechnik GmbH нуди резервни делови и корисничка поддршка за овој
производ.
80
K 30 RF – 6721856282 (2022/12)