КАДЕ ДА ГО ИНСТАЛИРАТЕ УРЕДОТ ПРЕД
Поставете го прочистувачот на рамна, стабилна површина во просторијата на која и ` е потребно
прочистување. За да овозможите слободна циркулација на воздухот, не поставувајте го апаратот зад
завеси, под прозорец или во близина на каква било друга пречка и оставете најмалку 60 cm слободен
простор од секоја страна на апаратот.
ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА НА АПАРАТОТ
Пред да го користите апаратот, отстранете ја пластичната заштита на филтрите.
Пред првата употреба, проверете дали напонот, фреквенцијата и напојувањето на апаратот одговараат на вашето
електрично напојување.
Вашиот апарат може да функционира со приклучок без заземјување. EPS е класа II (двојна електрична изолација).
Пред вклучувањето на апаратот, уверете се дека:
- апаратот е целосно склопен како што е наведено во безбедносните упатства,
- апаратот е поставен на стабилна, хоризонтална површина,
- апаратот е поставен во согласност со упатствата дадени во овој прирачник,
- влезовите за воздух и решетката за излез на воздух воопшто не се блокирани,
-
филтрите и kапак се правилно инсталирани (погледнете го делот „Расклопување / склопување на
филтерот")
ВАЖНО: Препорачуваме да го исклучите апаратот и да го извлечете приклучокот од штекер кога
не го користите.
КАКО ДА ГО ПОВРЗЕТЕ ПРОЧИСТУВАЧОТ НА ИНТЕРНЕТ
Преземете ја апликацијата «Pure Air By Rowenta» /«Pure Air by Tefal» и следете ги упатствата на вашиот
паметен телефон :
1.
Ако сте нов корисник, најавете се за да создадете сметка на Rowenta/Tefal. Ако веќе имате сметка,
најавете се во апликацијата.
2.
Застанете блиску до прочистувачот при впарувањето (најмногу на 2 метри растојание) и проверете
дали прочистувачот се наоѓа во близина на силен Wi-Fi сигнал.
3.
Проверете дали телефонот е поврзан со вашата локална Wi-Fi-мрежа.
4.
Вклучете го прочистувачот и задржете го копчето Wi-Fi во траење од 5 секунди (ќе чуете звучен сигнал
и индикаторот за Wi-Fi ќе светне за да ви покаже дека прочистувачот е успешно поврзан на Wi-Fi.)
5.
Изберете ја Wi-Fi-мрежата и внесете ја мрежната лозинка за да се поврзете со вашата локална Wi-Fi-
мрежа.
6.
Готово е!
Индикаторот за Wi-Fi светнува за да ви покаже дека прочистувачот е успешно поврзан со апликацијата
Pure Air.
Функција за Wi-Fi
За да почнете ново впарување, притиснете го копчето WIFI
• Кога светлото е вклучено, производот е впарен/поврзан.
• Кога светлото трепка брзо, а потоа бавно, производот се впарува/поврзува со WIFI/серверите.
• Кога светлото е исклучено, производот не е поврзан.
158
во траење од 5 секунди.
Проблеми со поврзувањето
Во случај на проблеми при впарувањето помеѓу уредот и вашата домашна Wi-Fi-мрежа, погледнете ги
информациите наведени на следниов линк:
https://www.compatibility.groupeseb.com/CompatibilityList-Pureair-Rowenta.pdf
https://www.compatibility.groupeseb.com/CompatibilityList-Pureair-Tefal.pdf
РАКУВАЊЕ
За да постигнете најдобар ефект на прочистување, вашиот прочистувач треба да биде оддалечен повеќе
од 60 см од ѕидот.
Power « Start/Stop (1) » (Старт/Стоп на напојувањето)
– Притиснете го ова копче за да го вклучите/исклучите прочистувачот на воздухот.
« Speed selection (2) » (Избор на брзина)
– Може рачно да ја изберете брзината на прочистување, од брзина 1 до брзина 6.
« Копче Auto day mode (4) » (автоматски дневен режим)
– Брзината на прочистување е поставена на брзина 2, брзина 4 или брзина 5, во согласност со нивото на
квалитет на воздухот.
– Ако нивото на квалитет на воздухот е одлично, уредот нема да се активира.
« Auto Night Mode (5) » (Автоматски ноќен режим)
–
Брзината на прочистување е поставена на брзина 1, брзина 2 или брзина 3, во согласност со нивото на
квалитет на воздухот.
– Ако нивото на квалитет на воздухот е одлично, уредот нема да се активира.
– За повторно да ја вклучите контролната табла, притиснете едно од копчињата. Светлата на уредот
автоматски се исклучуваат по 5 секунди.
« Child lock (3) » (Заклучување за деца)
– Системот за заклучување спречува прочистувачот да биде погрешно поставен по грешка додека
работи.
– За да го активирате, притиснете го копчето (3) во траење од 5 секунди, додека не се вклучи индикаторот
за заклучување на контролната табла. За да излезете од овој режим, повторно притиснете го копчето (3)
во траење од 5 секунди додека индикаторот не се исклучи. Кога е избран овој режим, другите копчиња
се заклучени.
• Индикатор за квалитет на воздух
Индикаторот за квалитет на воздух е светлосниот круг околу копчето Start/Stop (Старт/Стоп).
Индикаторот за квалитет на воздух (7) е лоциран
на « Контролната табла (A) » на апаратот. LED-светилката го означува нивото на квалитет на воздухот:
Квалитет на воздухот
Боја за ниво на квалитет на воздухот
Одличен
Благо загадување
Умерено загадување
Високо загадување
ГРИЖА И ОДРЖУВАЊЕ
Пред да го започнете одржувањето, секогаш исклучувајте го прочистувачот на воздух со помош на копчето
« Start/Stop (1) » (Старт/Стоп) и извадете го приклучокот од штекер. Користете влажна крпа за да ја чистите
површината на производот.
Важно: Не користете абразивни материјали, бидејќи тие може да ја оштетат површината на уредот.
Сина
Зелена
Жолта
Црвена
MK
159