OBJ_BUCH-1305-002.book Page 139 Tuesday, June 21, 2016 9:51 AM
Доколку се оштети батеријата или не се
користи правилно, од неа може да излезе
пареа. Внесете свеж воздух и доколку има
повредени однесете ги на лекар. Пареата
може да ги надразни дишните патишта.
Батериите полнете ги само со полначи кои се
препорачани од производителите. Доколку
полначот кој е прилагоден на еден соодветен
вид батерии, го користите со други батерии,
постои опасност од пожар.
Доколку е дефектна батеријата, од неа може
да излезе течност и да искапе на околните
предмети. Проверете ги соодветните делови.
Доколку е потребно, исчистете ги или заменете
ги.
Користете батерии кои се соодветни на
Вашиот производ од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно
преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите
предмети како на пр. клинци или шрафцигер
или надворешно влијание. Може да дојде до
внатрешен краток спој и батеријата може да се
запали, пушти чад, експлодира или да се
прегрее.
Bosch Power Tools
Македонски | 139
1 609 92A 1A6 | (21.6.16)