Македонски - Braun Silk-epil 9 SkinSpa 5377 9-941 Mode D'emploi

Table des Matières

Publicité

Македонски
Нашите производи се дизајнирани во склад
со највисоките стандарди за квалитет и
функционалност. Се надеваме дека ќе уживате
во користење на Вашиот Braun Silk·épil 9.
Ве молиме прочитајте го упатството пред да
почнете со користење на уредот и зачувајте ги
за понатамошни упатства.
Braun Silk·épil 9 Skin Spa овозможува комплетна
нега за кожа:
• Главата за епилација (2) со зголемена
ширина ги отстранува и најмалите влакна
(0,5 мм) од коренот, правејќи ја Вашата кожа
мазна со недели.
• Четката (9а) ја чисти Вашата кожа од
исушени кожни клетки со нежни микро
вибрации.
• Главата за бричење (10) е дизајнирана за
брзо бричење под пазувите и бикини делот.
Овој уред е погоден за користење на сува или
влажна кожа, освен кога се користи главата за
бричење која треба да се користи само на
сува кожа.
Важно
• Од хигиенски причини, не го делете овој
уред со други лица.
• Овој уред е опремен со посебен приклучен
кабел со нисконапонски безбедносен
систем. Не менувајте ништо на кабелот, во
спротивно постои ризик од електрошок.
Овој уред може да се користи во када
или под туш. Од безбедносни причини,
користете го уредот без приклучниот
кабел.
• Овој уред може да се користи од страна на
деца постари од 8 години како и лица со
намалени физички и психички способности
само доколку претходно им бидат објаснети
ризиците од неправилно ракување со истиот.
22
Овој уред може да го чистат деца кои се над
8 години и се под постојан надзор.
• Кога уредот е вклучен, не смее да дојде во
контакт со косата на главата, трепките итн.
за да се избегне опасноста од повреди или
оштетување на уредот.
Опис
1а Додаток за масирање
1b Додаток за поголем контакт со кожата
2
Глава на епилаторот
3
Светло (Smartlight)
4
Прекинувач за вклучување/исклучување
5
Индикатор за полнење
6
Копче за отпуштање
7
Приклучен кабел
8
Додаток за лице
9
Додаток за четка
9а Четка за нега на кожа
9b Заштитно капаче
10 Глава на бричот
11
Четка за чистење
Полнење
• Пред употреба наполнете го уреот.
За најдобри резултати, препорачуваме
секогаш пред користење уредот да биде
целосно наполнет. Со помош на специјалниот
приклучен кабел, поврзете го уредот со
извор на електрична енергија. Времето на
полнење е приближно 1 час.
• Индикаторот за полнење (5) трепка зелено
како знак дека уредот се полни.
Кога батеријата целосно ќе се наполни,
индикаторот свети зелено. Кога уредот е
целосно наполнет, користете го без
приклучниот кабел.
• Кога индикаторот трепка црвено, поврзете
го уредот со извор на електрична енергија
за да го наполните.
• Кога уредот е целосно наполнет,
овозможува до 40 минути работа без
приклучок на електрична енергија.
• Користењето на влажна кожа може да го
намали времето на користење без приклучок
на извор на електична енергија.
Препорачуваме после секоја употреба
уредот целосно да го наполните.
• Оптималниот опсег на температура за
користење, полнење и чување на уредот е
од 15 °C до 35 °C . Доколку температурата во
просторијата е вон овој опсег, времето на
полнење може да се зголеми а времето на
користење без приклучок на извор на
електрична енергија може да се намали.
Заштита од прегревање
Како безбедносна мерка за заштита од
прегревање на уредот, може да се случи
индикаторот за полнење (5) да свети црвено
8 секунди и потоа уредот да се исклучи.
Во ваков случај, исклучете го уредот така што
прекинувачот ќе го поставите во позиција
«0» и оставете го уредот да се олади.
Користење на уредот
Вклучете го уредот со помош на прекинувачот
(4) вртејќи во го насока на движење на
стрелките на часовникот и поставете го во
позиција «I» or «II» .
Светлото (3) свети се додека е уредот вклучен.
Ова овозможува подобра видливост.
За да ја извадите главата за епилација (2),
притиснете го копчето за отпуштање (6). За да
ги смените додатоците, притиснете ги од
страна и повлечете.

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Silk-epil 9 skinspa 5377 9-961Silk-epil 9 skinspa 5377 9-969

Table des Matières