Télécharger Imprimer la page

Bosch AdvancedGrassCut 36 Notice Originale page 210

Masquer les pouces Voir aussi pour AdvancedGrassCut 36:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
210 | Македонски
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Никогаш не поправајте оштетени сетови на
u
батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Ракување
Ракувачот мора да ракува со производот во склад со
u
прописите. При ракувањето со уредот мора да ги земе
пред вид конкретните услови. При работата мора да
внимава на другите личности, а посебно на децата.
Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени
u
физички, сензорни или психички ограничувања и/или
недостаток на знаење или на личности незапознаени
со ова упатство да го употребуваат уредот. Локалните
прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
Децата треба да бидат под надзор да не си играат со
u
уредот.
Примена
При работа држете го уредот цврсто со двете раце и
u
стојте на сигурна подлога. Со уредот безбедно се
ракува со две раце.
Почекајте уредот потполно да застане пред да го
u
спуштите.
Никогаш не користете го уредот со дефектен заштитен
u
капак или друга заштита, или без заштита. Внимавајте
сите заштитни елементи да се правилно монтирани.
Никогаш не употребувајте го уредот ако не е
комплетен или ако на него се извршени неовластени
поправки.
Никогаш не употребувајте го уредот ако кабелот е
u
оштетен или дотрошен.
Никогаш не менувајте ги неметалните елементи за
u
сечење со метални.
Никогаш не поправајте го уредот сам, дури ни кога сте
u
за тоа квалификувани.
Другите лица и животни мораат да бидат оддалечени
u
на соодветно растојание кога уредот работи.
Ракувачот е одговорен за трети лица во полето на
работа.
Почекајте главата за сечење во потполност да застане
u
пред да ја допрете. Главата за сечење продолжува да
се врти и по гасењето на моторот и може да
предизвика повреди.
Работете само при дневна светлина или при добро
u
осветлување.
Не работете со тримерот при лоши временски услови,
u
а посебно при грмотевици.
Ако го користите уредот на влажна трева, тоа може да
u
влијае врз ефикасноста на тримерот.
За транспорт исклучете го уредот и извадете ја
u
батеријата.
При работа со тримерот секогаш внимавајте на
u
безбедно растојание. Нозете и рацете држете ги
подалеку од ротирачките делови на уредот.
F 016 L94 427 | (17.05.2022)
При работа одржувајте рамнотежа за да не паднете.
u
Внимавајте да не го згазите уредот кој лежи на земја.
u
Пред замена на макарата извадете ја батеријата.
u
Редовно проверувајте го и одржувајте го тримерот.
u
Секогаш кога го чистите уредот или го менувате
u
конецот, носете заштитни ракавици.
Внимавајте да не се повредите на ножето со кое се
u
сече конецот за косење. После дополнување на
конецот за косење, секогаш ставете го уредот со
сечилото во хоризонтална положба пред да го
вклучите.
Исклучете го уредот и извадете ја батеријата:
– секогаш кога уредот го оставате без надзор на извесно
време
– за замена на макарата
– за чистење или поправка
– при складирање на тримерот
Чувајте го уредот на суво и затворено место, вон
u
дофат на деца. Не ставајте други предмети на
производот.
Не употребувајте го уредот како бастум.
u
Напомени за оптимално користење на
батериите
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, вода и влага. Постои опасност
од експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
u
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени побарајте
помош од лекар. Пареата може да ги надразни
дишните патишта.
Користете ја батеријата само во производи од
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
u
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
u
Инаку, постои опасност од експлозија.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
u
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Безбедносни напомени за полначи
Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања и упатства.
Непочитувањето на безбедносните
предупредувања и упатства може да доведе
до електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Bosch Power Tools

Publicité

loading