Télécharger Imprimer la page

Philips RESPIRONICS Wisp Pediatric Mode D'emploi page 124

Publicité

Неделно: рачно исперете ги платнените делови.
1. Перете во топла вода со течен детергент за миење садови.
2. Исплакнете темелно.
3. Целосно исушете ги на воздух пред употреба. Положете ги платнените делови на рамна
површина или обесете ги за да се исушат.
Претпазливост: не чистете ја маската со белило, алкохол, раствори што содржат белило или
алкохол или раствори што содржат регенератори или навлажнувачи.
Претпазливост: секоја отстапка од овие упатства може да влијае врз функционалноста на
производот.
Упатства за миење во машина за садови
Неделно: деловите од маската што не се платнени може да се мијат и во машина за миење садови.
1. Расклопете ја маската.
2. Мијте ги деловите што не се платнени на горната полица од машината со течен детергент за
миење садови.
3. Целосно исушете ги на воздух пред употреба.
5 Правилно поставување на маската
Пред да ја ставите маската
Големина: изберете перниче што соодветствува со ширината на носот и не ги блокира
ноздрите. Мерачот за големината на маската може да ви послужи како водилка така што ќе го
ставите под носот (видете ја сликата).
Поставување на маската
1. Спојница за ремените: Одвојте ги едниот или двата така што ќе ја свиткате спојницата
нанадвор a.
Напомена: употребата на спојниците за ремените е по избор. Може да ги одлепите јазичињата
на ремените од каишите на ремените и да ги повлечете низ отворите од рамката на маската.
2. Ремени: навлечете ги ремените преку главата b.
3. Перниче: ставете го перничето на носот со броилото за корекција на протекувањето свртено
надолу b. Горниот дел од перничето треба да е поставен на коренот од носот.
Напомена: перничињата за возрасни на Wisp не треба да се користат со педијатриската маска.
4. Долни каиши или спојница на ремените: вденете го долниот каиш низ отворот во рамката на
маската или притиснете ја спојницата во отворот на рамката за повторно да ги поврзете c.
122

Publicité

loading