Ставање Во Употреба; Совети При Работењето - Bosch GOF 130 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GOF 130 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
156 | Македонски
Монтирање на заштитата од струготини
(види слика C)
Поставете ја заштитата од струготини (5) од напред во
водилката, додека не се вклопи. За да ја извадите
заштитата од струготини, фатете ја странично и извлечете
ја нагоре.
Употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Ставање во употреба
Бирање на бројот на вртежи
Со вртливото копче на бројот на вртежи (20) може да го
изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на алатот.
1−2
Низок број на вртежи
3−4
Среден број на вртежи
5−6
Висок број на вртежи
Прикажаните вредности во табелата се референтни
вредности. Неопходниот број на вртежи зависи од
материјалот и работните услови и може да се одреди при
практична примена.
Материјал
Дијаметар на
глодалката [mm]
Цврсто дрво
(бука)
Меко дрво (бор)
Иверки
Пластика
Алуминиум
Вклучување/исклучување
Пред вклучувањето, поставете ја длабочина на глодање.
За вклучување на електричниот алат, притиснете го
најпрво копчето за блокада (1), потоа прекинувачот за
вклучување/исклучување (19) и држете го притиснат.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (19) повторно притиснете го копчето за
блокада (1).
За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (19). Доколку со копчето за
блокада (1) го имате зацврстено прекинувачот за
1 609 92A 5MT | (27.07.2020)
Позиција на
вртливото копче
за подесување
4–10
5–6
12–20
3–4
22–40
1–2
4–10
5–6
12–20
3–6
22–40
1–3
4–10
3–6
12–20
2–4
22–40
1–3
4–15
2–3
16–40
1–2
4–15
1–2
16–40
1
вклучување/исклучување (19) кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (19) и потоа
пуштете го.
Константна електроника
Константната електроника држи постојан број на вртежи
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Подесување на длабочината на глодање
(види слика D)
Подесувањето на длабочината на глодање смее да се
врши само доколку електричниот алат е исклучен.
За грубо подесување на длабочината на глодање
постапете на следниот начин:
– Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го
на делот што се обработува.
– Градираниот граничник (9) поставете го на најнизок
степен; се слуша кога градираниот граничник ќе се
вклопи.
– Олабавете ја пеперутка-завртката на граничникот за
длабочина (11), така што граничникот за
длабочина (13) ќе може слободно да се движи.
– Притиснете го затезниот лост за фиксирање на
длабочината на глодање (16) во правец на вртење ➊ и
водете ја површинската глодалка надолу, додека
глодалката (18) не ја допре површината на делот за
обработување. Повторно отпуштете го затезниот лост
за фиксирање на длабочината на глодање (16) за да ја
фиксирате оваа длабочина на вдлабнување. Доколку е
потребно, притиснете го затезниот лост за фиксирање
на длабочината на глодање (16) во правец на
вртење ➋, за трајно да го фиксирате.
– Притиснете го граничникот за длабочина (13) надолу,
додека не легне на градираниот граничник (9).
Лизгачот со индексна ознака (12) поставете го на
позиција 0 на скалата за длабочина на глодање (14).
– Поставете го граничникот за длабочина (13) на
саканата длабочина за глодање и зацврстете ја
пеперутка-завртката на граничникот за
длабочина (11). Внимавајте на тоа, лизгачот со
индексната ознака (12) да не го поместувате повеќе.
– Притиснете го затезниот лост за фиксирање на
длабочината на глодање (16) во правец на вртење ➊ и
водете ја површинската глодалка во најгорната
позиција.
При големи длабочини на глодање треба да се направат
повеќе процеси на обработка со помало вадење
струготини. Со помош на градираниот граничник (9)
може да го поделите процесот на глодање на повеќе
степени. Притоа, подесете ја саканата длабочина на
глодање со најнизок степен на градираниот граничник и
за првиот процес на обработка изберете го највисокиот
степен.
Совети при работењето
Заштитете ги алатите за глодање од удари.
u
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières