апаратот. Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
Користење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Постои опасност од повреда,
изгореници, струен удар или
пожар.
• Не менувајте ги спецификациите
на овој апарат.
• Не ставајте електрични апарати
(на пр. уред за правење сладолед)
во апаратот освен ако тоа
не е наведено од страна на
производителот.
• Внимавајте да не ги оштетите
водовите за ладење. Содржи
изобутан (R600a), природен гас
со високо ниво на компатибилност
со околината. Овој гас е запалив.
• Ако дојде до оштетување на
водовите за ладење, проверете
дали постојат пламен и извори
на оган во просторијата.
Проветрувајте ја просторијата.
• Не дозволувајте жешките делови
да ги допрат пластичните делови
на апаратот.
• Не ставајте газирани пијалоци во
преградата за замрзнување. Ова
ќе создаде притисок во садот со
пијалак.
• Не чувајте запалив гас или течност
во апаратот.
• Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску
до, или на апаратот.
• Не допирајте го компресорот или
кондензаторот. Тие се жешки.
• Не вадете ги и не допирајте ги
предметите од преградата за
замрзнување ако вашите раце
се водени или влажни.
• Не замрзнувајте ја храната којашто
била одмрзната.
• Следете ги инструкциите за чување
на замрзната храна што се наоѓаат
на пакувањето.
Внатрешно светло
• Во однос на светилите во
внатрешноста на овој производ
и резервните светилки што се
продаваат посебно: Овие светилки
EAL6xxxXOX_FR-PL_150529.indd 143
МАКЕДОНСКИ
се предвидени да издржат
екстремни физички услови во
апаратите за домаќинство, како
што се температура, вибрации,
влажност или се предвидени за
давање сигнали за работната
состојба на апаратот. Тие не се
предвидени да се користат за
други намени и не се погодни за
осветлување простории во домот.
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
оштетување на апаратот.
• Пред одржувањето, исклучете го
апаратот и исклучете го кабелот од
штекерот за струја.
• Апаратот содржи јаглеводороди
во уредот за ладење. Само
квалификувано лице смее да го
одржува апаратот и повторно да ја
полни единицата.
• Редовно вршете проверка на
одводот на фрижидерот и ако е
потребно исчистете го. Ако одводот
е блокиран, ќе се собира вода на
дното на апаратот.
Сервис
• Треба да знаете дека
самопоправката или
непрофесионалната поправка
може да имаат последици врз
безбедноста и може да ја поништи
гаранцијата.
• Следните резервни делови ќе
бидат достапни во рок од 7 години
откако моделот ќе прекине да се
произведува: термостати, сензори
за температура, печатени плочи,
извори на светлина, рачки за врати,
шарки за врати, плехови и корпи.
Треба да знаете дека некои од овие
резервни делови се достапни само
кај професионални сервисери, и
дека не сите резервни делови се
релевантни за сите модели.
• Дихтунзите за вратите ќе бидат
достапни 10 години откако моделот
ќе прекине да се произведува.
• За поправка на апаратот,
контактирајте со овластен сервисен
центар.
• Користете само оригинални
резервни делови.
143
10-07-2020 07:26:00 PM