УПОТРЕБА
• Полнење на акумулаторска батерија 0
- акумулаторските батерии на новите апарати не се
потполно наполнети
- полначот приклучете го на мрежен напон како на
илустрацијата
- батеријата ставете ја во полначот
- се пали црвената лампичка B која покажува дека
батеријата се полни
- црвената лампичка B останува запалена сè
додека батеријата е приклучена на полначот и
полначот е приклучен на ѕидна приклучница
! откако батеријата ќе се наполни треба да се
извади од полначот, со што се продолжува
векот на траење на батеријата
ВАЖНО:
- по 3 часа, операцијата за полнење ќе заврши и
батеријата може да се користи
- при полнење полначот и батеријата се загреваат;
тоа е нормално и не претставува никаков проблем
- надворешните површини на батеријата треба да
бидат суви и чисти, пред да се стави батеријата во
полначот
- кај температури пониски од 0°C и повисоки од
45°C треба да се избегнува полнење; со тоа може
да се оштети полначот и акумулаторската
батерија
- батеријата не смее да се вади во текот на
работата на апаратот
! новата акумулаторска батерија или онаа што
не се користела подолго време, ќе даде свој
полн ефект приближно по 5 циклуси полнење/
празнење
- акумулаторската батерија не смее повторно да се
полни по секоја кратка работа; тоа може да
резултира со скратување на нејзиниот век на
траење и намалување на ефикасноста на
акумулаторската батерија
- доколку не го користете уредот подолго време,
извлечете го мрежниот приклучок на полначот од
приклучницата
• Вклучено/Исклучено !
• Закочување на прекинувачот за лесен старт @
• Промена на насоката на ротација #
- ако левата/десната позиција не легнат како што
треба, прекинувачот C 2 нема да може да
стартува
! менувајте ја насоката на ротацијата само кога
алатот се наоѓа во целосно мирување
• Промена на бургиите $
- вметнете ја бургијата најдлабоко што можете во
држачот
! не употребувајте бургии со оштетена дршка
• Контрола на вртежниот момент (VariTorque) %
- излезниот обрт ќе се зголемува ако прстенот на
активаторот F се врти од 1 кон 20; позицијата G ќе
го заклучи активаторот за да се овозможи
дупчење или извршување тешки работи
- при завртување на некоја завртка најпрво
започнете со положбата 1(VariTorque) и потоа
полека зголемувајте до достигнување на саканата
длабочина
• Избор на механички запченик ^
- поставете го селекторот H на саканата брзина
! вклучете го изборот на брзини додека алатот
работи бавно
1 = ПОНИСКА БРЗИНА
- голем момент на вртење
- за завртување и дупчење на отвори со голем
дијаметар
- за вибрациски навој
2 = ПОВИСОКА БРЗИНА
- низок вртлив момент
- за дупчење отвори со мал дијаметар
• Светло J &
Светилката J се вклучува автоматски кога ќе го
активирате прекинувачот C 2
• Држење и насочување на алатот *
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- отворите за ладење K 2 држете ги отворени
- не притискајте премногу со алатот; дозволете тој
сам да работи
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Користете соодветни бургии (
! употребувајте само остри бургии
• При дупчење во метал
- најпрво издупчете помала дупка, кога сакате да
издупчите поголема дупка
- бургијата подмачкувајте ја со масло од време на
време
• При навртување на штрафовите на краевите на
дрвото, прво треба да се издупчи мала дупка за да
се избегне разлистување на дрвото
• За оптимална употреба на апаратот потребен е
постојан притисок на завртката, особено во текот на
одвртувањето
• При завртување на завртката во тврдо дрво
претходно треба да се издупчи дупка
• Дупчење на дрво без разлистување )
• Дупчење на дрво без прашина ¡
• Дупчење на таван без прашина ™
• Дупчење на плочки без лизгање £
• Многу други совети можете да најдете на www.skil.
com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Секогаш одржувајте го чист апаратот и полначот
- исчистете ги контактите на полначот или со
алкохол или со чистач за контакти
! пред чистењето на полначот треба да се
извлече неговиот мрежен приклучок
• Доколку алатот/полначот и покрај внимателното
работење и контрола некогаш откаже, поправката
мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за
електрични алати
- испратете го алатот или полначот нерасклопен,
заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач
или најблискиот SKIL сервис (адресите се
наведени на www.skil.com)
112