Télécharger Imprimer la page

Milwaukee M12 CC Notice Originale page 34

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 11
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
СЕКАЧ НА КАБЕЛ
Производен број ..............................................................................................................
.....................................................................................................................................
Надворешен ø макс ........................................................................................................
ø на кабелот макс
Бакар ...........................................................................................................................
Алуминиум ..................................................................................................................
Телекомуникациски кабел ..........................................................................................
Волтажа на батеријата ..................................................................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (1,5 Ah) ....................................................
Информации за бучавата / вибрации
Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 60 745.
Типично очекуванo ниво на звучен притисок на алатот е:
Ниво на звучен притисок. (K = 3 dB(A)) ......................................................................
Ниво на јачина на звук. (K=3dB(A)) ...........................................................................
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани
согласно EN 60745.
Вибрациска емисиона вредност a
...........................................................................
h
Несигурност К = ..........................................................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 60745 и може да биде употребено за меѓусебна
споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се употребува за други намени, со отстапувачки
додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на
целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто апаратот е исклучен или работи, но фактички не се
употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример: одржување на електро-алатот и на додатоци кон
електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните процеси.
ВНИМАНИЕ! Прочитајте ги безбедносните напомени и упатства.
Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и инструкции можат да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Носете штитник за уши. Изложеноста на бука може да предизвика губење на
слухот.
Секогаш носете ракавици кога ја користите машината. Исто така препорачливо е
да се носат очила, цврсти чевли кои не се лизгаат и престилка.
Чувајте ги рацете и лабавата облека настрана од алати за сечење и други
подвижни делови.
Да не се сечат кратки кабли кај кои што прстите би можеле да дојдат во близина
на ножевите на секачот. Ножот е остар!
За да се намали ризикот од експлозии, електричар удар и материјални штети,
никогаш не сечете водови на гас, електрични водови или водови полни со вода.
Пред сечење испразнете ги водовите со вода.
Отстранете ја батеријата пред да започнете да ја користите машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете ги.
Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите батерии, со што ја штитат
нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем M12 за полнење на батерии од M12 систем. Не
користете батерии од друг систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен напон или
температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун
и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Да не се одвојуваат челични кабли!
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од наранувања или од
оштетување на производот, коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и во
батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи
течности, како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки препарати или
производи кои содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток
спој.
66
МАКЕДОНСКИ
M12 CC
................................4489 42 04...
................................4316 01 04...
...000001-999999
..................................... 32 mm
..................................4x35 mm
2
..................................4x35 mm
2
.........................100x2x0,6 mm
2
..................................... 12 V
.................................... 3,0 kg
..................................... 76 dB (A)
..................................... 87 dB (A)
................................. < 2,5 m/s
2
.................................... 1,5 m/s
2
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Секачот на кабли е погоден за одвојување на кабли од бакар или од алуминиум.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен пропишаниот за
нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Како производител, изјавуваме под целосна одговорност дека „Техничките
податоци" подолу го опишуваат производот со сите релевантни одредби од
регулативите 2011/65/ЕУ (RoHS), 2014/30/ЕЗ, 2006/42/ЕЗ и се усогласени со
следниве хармонизирани регулаторни документи:
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN 61000-3-2:2014
EN 61000-3-3:2013
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2020-11-21
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на батериите.
Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење треба да
бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена: Акумулаторот да се
чува на температура од приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на
наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне висока
потрошувачка на струја, на пример екстремно високи вртежни моменти,
ненадејно стопирање или краток спој, електро-алатот вибрира 5 секунди,
приказот за полнење трепка и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на прекинувачот, а потоа
повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во таков
случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење сè додека батеријата не
се излади. По гаснење на приказот за полнење може да се продолжи со работа.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на
опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт на
истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на опасни
материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги вршат
исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде
стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со цел да
се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
РАБОТНИ УПАТСТВА
По можност каблите да се сечат со мала брзина. Да не се сече толку близу кај
крајот на кабелот. Криви засеци да се избегнуваат.
Кабелот да се сече само правоаголно. Коси засеци да се избегнуваат.
Да се сечат само чисти кабли. Извалкани кабли предходно да се очистат.
Приклештени ножеви за сечење: Во случај на приклештени ножеви за сечење
трепкат сите 4 ЛЕД лампи и со тоа го покажуваат преоптоварувањето на
апаратот.
Притоа постапете како што следи: Прекинувачот за туркање да се поттурне на
позицијата 1. Прекинувачот за туркање да се поместува наваму и натаму меѓу 1
и 2 и притиснувачот на прекинувачот да се притисне за отворање на ножевите за
сечење. Доколку ножот за сечење сé уште остане приклештен, да се отстрани
наизменичната батерија и ножевите за сечење да се демонтираат.
ОДРЖУВАЊЕ
Тапи или оштетени ножеви мора да бидат заменети.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од
компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме
контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на
адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со наведување
на машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на
упатствата за употреба.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината.
Електричните апарати и батериите што се полнат не смеат да
се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се собираат
одделно и да се однесат во соодветниот погон заради нивно
фрлање во склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони
за рециклажа и собирни станици.
Чувајте ги рацете настрана од алатот за сечење и други
подвижни делови. Прстите можат да влезат во механизмот за
сечење и да бидат исечени или повреден.
Да не се пресече кабел за струја!
Предупредување! Постои ризик на електричен удар!
Да се носат заштитни очила.
Приклештени ножеви за сечење:
Кога ножевите за сечење се приклештени ќе трепкаат сите 4 ЛЕД лампи.
Прекинувачите за поттурнување туркајте ги меѓу 1 и 2 наваму и натаму и
притиснувачот на прекинувачот притиснете го за отворање на ножевите за
сечење.
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
67

Publicité

loading