OBJ_BUCH-2053-001.book Page 93 Wednesday, November 13, 2013 10:55 AM
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Батериите полнете ги само со полначи кои се
препорачани од производителите. Доколку полначот
кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го
користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Не ја ставајте батеријата во адаптерот, доколку
копчињата за отклучување се скршени или
дефектни. Батеријата би можела да испадне за време
на употребата.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите
напомени и упатства за
безбедност. Грешките
настанати како резултат од
непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на производот, и држете ја отворена додека го читате
упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Облеката е наменета за одржување на топлината на ниски
температури во околината.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на облеката на графичката страница.
1 Прекинувач за вклучување/исклучување на
регулаторот на топлина
2 Батериски адаптер
3 Грејни елементи
4 Приклучок
5 Внатрешен џеб за батерискиот адаптер
6 Внатрешен џеб за големи документи
7 Батерија*
8 Копче за отклучување на батеријата
Bosch Power Tools
9 Конектор за приклучокот
10 Држач за појас
11 USB-конектор
12 Копче за активирање на USB-приклучокот
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Јакна за одржување на
топлината
USB-приклучок
– Напон при полнење
волти=
– Струја за полнење
Батерија
дозволена температура на
околината
– при полнење
– при работа*
– при складирање
препорачани батерии
* ограничена јачина при температури <0
Подготовка на облеката
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие полначи се погодни
за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен
апарат.
Батерискиот адаптер не служи како полнач. За
полнење на батеријата не користете автомобилски
кабел за полнење со USB- приклучок. Примената на
автомобилски кабел за полнење може да ја оштети
батеријата или батерискиот адаптер.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабинско
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)" од
длабинско празнење. Доколку батеријата е испразнета,
грејните елементи се исклучуваат со заштитен
прекинувач.
По автоматското исклучување на грејните
елементи, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Ставање и вадење на батеријата (види слики A1 –A2)
Не употребувајте сила при ставање на батеријата.
Батеријата е конструирана на тој начин што може да се
вметне само во правилна позиција во батерискиот
адаптер.
Македонски | 93
Heat+ Jacket 10,8 V
USB 2.0
5,0
A
1,0
°C
0...+45
°C
–20...+50
°C
–20...+60
GBA 10,8V x,xAh 0-.
°C
1 609 92A 0CR | (13.11.13)