Bosch GCM 8 SJL Professional Mode D'emploi page 258

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 8 SJL Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 33
OBJ_BUCH-1736-005.book Page 258 Thursday, December 8, 2016 10:59 AM
258 | Македонски
 Не ги заменувајте вградениот ласер или
светлечката диода со исти такви од друг тип.
Доколку се користат ласери или светлечките диоди, кои
не се соодветни на овој електричен апарат, може да
настанат повреди на лицата. Поправката или замената
треба да се изврши од страна на овластена сервисна
служба, за да се избегне загрозување на безбедноста.
 Никогаш не ги отстранувајте остатоците од
сечењето, дрвените струготини и сл. од полето за
сечење, додека е вклучен електричниот уред.
Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на
мирување и потоа исклучете го електричниот апарат.
 Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека
не се олади. Листот за пилата за време на работата се
вжештува.
 Во случај да се заглави листот за пилата, исклучете
го електричниот апарат и држете го цврсто делот
што се обработува, додека листот за пилата не дојде
во состојба на мирување. За да избегнете повратен
удар, делот што се обработува смее да се движи
дури откако листот за пилата ќе се смири. Отстранете
ја причината за заглавување на листот од пилата, пред
повторно да го стартувате уредот.
 Не го оставајте настрана апаратот доколку не е
целосно во состојба на мирување. Електричните
апарати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
 Не посегнувајте со дланките во полето на сечење,
додека работи електричниот уред. Доколку дојдете
во контакт со листовите за пила постои опасност од
повреда.
 Доколку е вклучен апаратот, не го водете листот за
пилата директно кон делот што се обработува.
Инаку постои опасност од повратен удар, доколку
листот за пилата се заглави во делот што се обработува.
 Не ставајте ништо на електричниот апарат. Може да
настанат сериозни повреди, доколку електричниот
апарат се преврти или доколку случајно дојдете во
контакт со листот за пилата.
 Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на
електричниот апарат.
 Електричниот апарат се испорачува со натпис за
предупредување (означено на приказот на мерниот
уред на графичката страна со број 39).
 Не го насочувајте ласерскиот зрак на лица или
животни и не погледнувајте во него. Овој мерен уред
создава ласерски зраци од класата 1М според
IEC 60825-1. Директното гледање во ласерскиот зрак
– особено со оптички инструменти за зголемување
како двоглед итн. – окото може да се оштети.
1 609 92A 2NV | (8.12.16)
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш
треба да ги затворите и да ја тргнете главата од
ласерскиот зрак.
 Не употребувајте оптички инструменти за собирање
како двоглед итн. за наблудување на изворот на
зрачење. Со тоа можете да ги оштетите вашите очи.
 Не го насочувајте го ласерскиот зрак кон лица, кои
гледаат преку двоглед или слично. Со тоа можете да
ги оштетите нивните очи.
 Не вршете никакви промени на ласерскиот уред.
Можностите за поставка опишани во ова упатство за
употреба може да се користат без опасност.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Ознаки и нивно значење
 Ласерско зрачење
Не ги изложувајте корисниците на
оптички телескоп
Класа 1M ласерски производ
 Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот уред. Доколку дојдете
во контакт со листовите за пила постои
опасност од повреда.
 Носете маска за заштита од прав.
 Носете заштитни очила.
 Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да
влијае на губењето на слухот.
 Опасна зона! Држете ги дланките,
прстите или рацете колку е можно
подалеку од оваа зона.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières