(1а) овозможува удобно чувство за
времетраење на епилацијата. Доколку
сте навикнати на чувството на епилација,
главата за масажа може да ја замените
со главата за поголем контакт со кожата
(1b) којашто овозможува потемелен
контакт и поголема адаптација на сите
делови од телото.
3 Епилација на нозе
Епилирајте ги Вашите нозе почнувајќи
од потколеното па нагоре. Кога го
користите уредот позади коленото,
исправете ја ногата и истегнете ја
кожата.
4 Под пазуви и бикини дел
Кај овие чувствителни делови, препо-
рачуваме да ја користите главата за
поголем контакт со кожата (1б).
На почетокот од процесот овие делови
од телото се многу чувствителни на
болка па затоа препорачуваме првите
неколку пати да ја подесите брзината
на «I». Со редовна употреба, чувстви-
телноста полека ќе се намалува.
Пред да почнете со епилација, темелно
исчистете ја областа од било какви
остатоци (пример од дезодоранс).
Кога епилирате под пазуви, подигнете
ја раката за да се растегне кожата и
движете го уредот во различни насоки.
Бидејќи кожата после епилацја е чувстви-
телна, избегнувајте корситење на дезо-
доранси со алкохол.
5 Епилација на лицето
За отстранување на несаканите влакна
од лицето, користете ја главата за епи-
лација на лице (8), која се додава на
главата за епилација. Првите неколку
користења, подесете ја брзината на «I»
за да се навикнете на процесот на епи-
лација. Пред да почнете да епилирате,
исчистете го лицето со алкохол, заради
подобра хигиена. Кога го користите
уредот на делови од лицето, растег-
нете ја кожата со едната рака и полека
движете го епилаторот.
6 Чистење на главата за епилација
Редовното чистење овозможува
подобри резултати.
а Чистење со четка:
Извадете го капачето и исчистете го
со четка. Темелно исчистете ја главата
на епилаторот од задната страна со
четката натопена во алкохол. Кога ја
чистите главата на епилаторот, завртете
ги ножињата со рака. Ова овозможува
најдобри хигиенски услови за главата
на епилаторот.
b Чистење под млаз вода:
После секоја употреба на влажна
кожа, чистете го уредот под млаз вода.
Извадете го капачето. Поставете го
уредот со главата на епилаторот под
вода. Притиснете го копчето за
отпуштање за да ја извадите главата.
Убаво протресете ги уредот и главата
за епилирање за да може да се исцеди
преостанатата вода. Оставете ги да се
исушат. Пред повторно да ги споите,
проверете дали се темелно исушени.
Општи информации за епилација
Сите методи на вадење на влакното од
корен може да предизвикаат растење на
влакното од внатрешна страна или ири-
тации (чешање, црвенило) во завис-
ност од кожата и влакната. Овие се
нормални реакции и со тек на време ќе
исчезнат, но можат да бидат поизразени
првите неколку пати додека кожата се
навикне на процесот на епилација или
доколку имате чувствителна кожа.
Доколку после 36 часа, сеуште имате
знаци на иритација, препорачуваме да
посетите лекар. Со секое наредно
користење на епилаторот кожата се
навикнува на процесот и со тек на
време овие иритации се намалуваат
или исчезнуваат.
Во некои случаеви, може да дојде до
инфекција на кожата кога некоја
бактерија ќе ја пробие кожата (пример
при лизгање на уредот). Темелното
чистење на главата на епилаторот го
31