Braun Silk epil 9 Série Mode D'emploi page 30

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 10
после секоја употреба целосно да го
наполните уредот.
• Најдобар температурен опсег за
полнење, користење и чување на
апаратот е од 15 °C до 35 °C. Доколку
овој опсег е надминат, времето за
полнење се зголемува а времето за
користење на уредот без приклучниот
кабел се намалува.
Заштита од прегревање
Како безбедносна мерка за да се
избегне прегревање на уредот, може
да се случи светлото за полнење да
свети црвено 8 секунди и потоа уредот
да се изгаси сам. Во тој случај, прекину-
вачот поставете го во позиција «0»
(исклучено) и оставете го уредот да се
излади.
Користење на уредот
Вклучете го уредот со притискање на
копчето за заклучување (4а) и поста-
вете го прекинувачот (4) во насока на
движење на стрелките на часовникот
во позиција «I» или «II».
Светлото (3) останува вклучено цело
време додека апаратот е вклучен. Со
тоа се овоможува поголема видливост
на влакната и кожата.
За да ја извадите главата за епилирање
(2), притиснете го прекинувачот за
отпуштање (6).
А Епилација
Совети за епилација
Доколку претходно не сте користеле
епилатор или доколку не сте се епили-
рале подолго време, потребно е малце
време Вашата кожа да се навикне.
Неугодноста на почетокот од процесот
со тек на време ќе ја снемува како што
кожата се навикнува.
Кога за прв пат се епилирате, препо-
рачливо е тоа да го правите навечер,
така што било какво црвенило што би
се појавило ќе може да исчезне преку
30
ноќта. За да ја опуштите кожата, препо-
рачуваме после епилација да нанесете
навлажнувачки крем на кожата.
Епилацијата е полесна и поудобна кога
влакната се во оптималниот опсег на
должина од 2 до 5 мм. Доколку влакната
се подолги, препорачуваме претходно
да се избричите па да ги епилирате
пократките, повторно израснати влакна,
после 1 или 2 недели. Друга опција е да
ги скратите влакната до 5 мм висина.
Влакната што растат после епилација
може и да не ја пробијат кожата.
Редовното користење на сунѓери за
масажа после бањање или пилинг за
кожа за отстранување на горниот слој
помага да спречите растење на влакна
поткожно.
Користење на суво: Кожата мора да
биде сува и без маснотии или креми.
Користење на влажно: Овој уред може
да се користи на влажна кожа дури и
под плаз вода. Погрижете се кожата да
е доволно влажна како би овозможиле
правилно лизгање на главата на уредот.
После секоја употреба на влажна кожа
исчистете го апаратот под млаз вода.
Како да се епилирате
Пред употреба проверете дали главата
за епилација (2) е добро наместена,
чиста и дали на неа е поставено капаче
(1а или 1b).
1 Одберете брзина «I» за нежно
епилирање или брзина «II» за
ефикасно епилирање.
2 При употреба на овој уред, секогаш
затегнете ја кожата. Главата за
епилација секогаш мора да биде во
контакт со затегнатата кожа.
Движете го уредот со бавни, рамно-
мерни движења без притискање во
насока спротивна од растот на влак-
ната. Бидејќи влакната можат да растат
во различни насоки, за постигнување на
подобри резултати движете го уредот
во повеќе правци. Главата за масажа

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières