100 | Македонски
Прицврстување со типла (види слика D)
Издупчете посебна дупка за прицврстување на сталакот за
дупчалка со типла (опрема) во ѕидни конструкции или
бетон.
Растојание меѓу дупката за типлата–средина на
планираната дупка
оптимално
можно
За дупката за типла важат следните димензии::
Ѕид
Бетон
Ставете една типла за бетон со раздвоен клин одн. ѕидна
типла 21. Завртете го брзозатегачкото вретено 22 во
типлата.
Ставете го сталакот за дупчалка како и една подлошка
и завртете ги со пеперутка-навртка 23. Затегнете ја
пеперутка-навртката по нивелирањето (види
„нивелирање") со вилушкаст клуч (ширина на клучот
27 mm).
Прицврстување со вакуум (опрема)
За прицврстување на сталакот за дупчалка со вакуум,
потребни Ви се обична вакуум пумпа и Bosch-вакуум сет
(опрема).
Вакуум пумпата мора да ги исполнува следните услови:
Волуменски проток:
Вакуум најмалку:
За прицврстување со вакуум, подлогата мора да биде
мазна и рамна. Поставување на малтер или ѕидни
конструкции не е дозволено.
Откако ќе ја воспоставите вакуумската врска, поставете ги
завртките за нивелирање 7 на подлогата, за да може
сталакот за дупчалка цврсто да се постави и малку да се
отпушти прстенот за дихтување. Инаку сталакот за дупчалка
нема добро да се прицврсти на прстенот за дихтување.
Прочитајте ги упатствата за користење пред да ги
приклучите вакуум пумпата и Bosch-вакуум сетот.
Неопходно е да внимавате на безбедносните и
работните напомени за вакуум пумпата и Bosch-
вакуум сетот!
Прицврстување со брзозатегнувачки столб (види
слика E)
Сталакот за дупчалка може да го прицврстите со
брзозатегнувачки столб од Bosch (опрема) помеѓу подот и
плафонот. Подрачјето на затегнување лежи помеѓу 1,7 m
и 3 m.
Едниот крај на брзозатегнувачкиот столб ставете го на
подната плоча на сталакот за дупчалка. Површината за
поставување на плафонот за другиот крај на
брзозатегнувачкиот столб мора да биде доволно стабилна
и обезбедена од превртување.
Прочитајте го упатството за употреба за прицврстување на
брзозатегнувачкиот столб.
1 609 92A 0VZ | (30.10.14)
285 мм
275–375 мм
Дијаметар
Длабочина
20 мм
85 мм
16 мм
50 мм
3
6 м
/ч
80 % (–800 mbar)
Нивелирање (не важи при прицврстување со вакуум)
Завртете ги одн, одвртете ги завртките за нивелирање 7
поединечно, додека не се израмни прецизно либелата 17
(при вертикална монтажа).
Сега фиксирајте го сталакот за дупчалка со типлата или
брзозатегнувачкиот столб.
Употреба
Извлечете го приклучокот од приклучницата, пред
да направите поставка на уредот или да меувате
делови од опремата. Невнимателниот старт на
дупчалката може да предизвика несреќа.
Зацврстете ги сите завртки после секое
прилагодување на сталакот за дупчалка.
Промена на аголот на дупчење
Олабавете ја заоблената слепа навртка 6 со вртлив крст 4.
Поставете го сталакот за дупчалка со помош на скала за
подесување на аголот на дупчење 2 на саканиот агол. За
прецизно подесување, внимавајте на стрелката покрај
заоблената слепа навртка 6.
Затегнете ја рачно заоблената слепа навртка 6 со
вртливиот крст 4.
Сталакот за дупчалка може да се употреби дури
откако заоблената слепа навртка 6 за подесување
на агол повторно ќе биде затегната.
Вшмукување на вода
За да ја соберете водата што излегува од дупката при
мокро дупчење, употребете прстен за собирање на вода и
вшмукувач за мокро/суво вшмукување (двете ќе ги
најдете како опрема).
Прстенот за собирање на вода (види „Опрема",
страна 101) е предвиден за користење со сталак за
дијамантска дупчалка GCR 350 и дијамантска бормашина
GDB 350 WE.
Монтажа на прстенот за собирање на вода (види слика F)
Исечете еден отвор во саканиот дијаметар на дупчење во
заптивниот поклопец.
Притиснете ја затегнувачката пружина 24 до крај во
процепот помеѓу подната плоча 8 и столбовите на
дупчалката 10. Внимавајте аголниот дел од затегнувачката
пружина да покажува надолу.
Поставете го прстенот за собирање на вода и легнете ја
затегнувачката пружина на потпорните точки на прстенот
за собирање на вода. (Окцата на краевите на
затегнувачката пружина служат за влечење на истата
нагоре.)
Со помош на затегнувачката сила на пружината прстенот
за собирање на вода со неговиот дихтунг ќе се притиснат
на подлогата и ќе го спречат протекувањето на вода со
вакуумот на вшмукувачот за мокро/суво вшмукување.
Прстенот за собирање вода може да се врти во неговиот
затегнувачки прстен, за да ги доведете млазниците за
вшмукување во саканата позиција (на пр. за да го
оптимирате одводот на вода при хоризонтално дупчење).
Bosch Power Tools