Ви благодариме за Вашиот избор да го купите овој производ од Philips Hue, го цениме Вашиот избор за
MK
брендот Philips и Ви посакуваме пријатни моменти при користење на нашиот производ. Одете на
страницата www.meethue.com за да дознаете повеќе за Hue и за начинот на користење.
„Hue Personal Wireless Lighting" е трговска марка во сопственост на Signify Holding B.V.
Производителот советува соодветно користење на производот! Затоа секогаш следете ги овие упатства за
да осигурите соодветно и безбедно инсталирање и функционирање на производот и чувајте ги за
користење во иднина.
Секогаш исклучувајте го напојувањето пред инсталирање, одржување или поправка.
Користете го ова напојување само со Philips HUE 24V
светлечки тела
Не ја отворајте единицата за напојување поради ваша лична безбедност.
Производот не се придушува.
Отстранување на стариот производ: Вашиот производ е дизајниран и произведен со висококвалитетни
материјали и компоненти кои може да се рециклираат и може повторно да се користат. Кога на производот
е прикачен симбол со пречкртана корпа на тркала тоа значи дека производот подлежи на европската
директива 2012/19/EU. Информирајте се за локалниот систем за одвоено собирање отпад за
електричните и електронските производи. Почитувајте ги локалните правила и не отстранувајте ги старите
производи со нормалниот отпад од домаќинството. Соодветното отстранување на стариот производ ќе ги
спречи потенцијалните негативни последици по животната средина и здравјето на луѓето.
IP6X: производот е целосно заштитен од прашина.
Класа на заштита II: производот или компонентата има двојна или засилена изолација.
Z-поврзување: Жицата не може да се замени.
MAX. 40 W: Задржете ја во максималната одредена моќност.
Овој производ не е соодветен за деца помлади од 14 години.
Овој производ е специјално дизајниран и развиен само за домашна употреба во вообичаени услови и при
вообичаено ракување. Доколку се соочите со какви било потешкотии при користењето на производот, Ви
препорачуваме најпрво да го разгледате упатството за користење и информациите на нашата веб
страница. Под условите утврдени овде, ние како производител (Signify Netherlands B.V., International
Business Reply Service I.B.R.S. / C.C.R.I. Numéro 10461 5600 VB Eindhoven (Ајндховен), The Netherlands
(Холандија)) гарантираме дека производот нема недостатоци во материјалите и во функционирањето за
период од две (2) години по датумот на купување на истиот, освен ако не е наведен различен период на
пакувањето на производот и доколку истиот се одржува во согласност со насоките за грижа и чистење
наведени во упатството за користење. Освен ако со применливите закони поинаку не е утврдено, нашите
обврски под гаранцијата ќе бидат ограничени, по наше наоѓање, на тоа или да извршиме поправка, или да
дадеме заменски производ за дефектниот производ или да понудиме соодветен кредит за продажната
цена на дефектниот производ. (Де)монтажата и/или (де)инсталацијата и трошоците за работна рака не се
покриени со гаранцијата, како и скршено стакло, батерии и заменливи сијалици. Освен ако со
применливите закони поинаку не е утврдено, со исполнувањето на нашите обврски под гаранција не се
продолжува или обновува првичниот гарантен период кој веќе се применува. Ние го задржуваме правото,
по наше наоѓање, да го замениме дефектниот производ опфатен со гаранцијата, со производ кој
незначително отстапува во дизајнот и/или спецификациите кои не влијаат на функционалноста на
производот. За да можете валидно да поставите барање по оваа гаранција, морате да ни доставите нам
(или на наш застапник), на барање, соодветна сметка за извршеното купување и дефектниот производ
заради анализа. До најголемата мера што ја дозволуваат применливите закони, оваа политика ја утврдува
нашата целосна одговорност како производител, а во врска со дефектни или несообразни производи. Ние
нема да бидеме одговорни пред Вас за други загуби или индиректни договорни или вондоговорни штети
(вклучително, но не и ограничено на, загуба на податоци или загуба на приходи), ниту сме должни да Ви
извршиме надомест за дејства како што се редовно одржување, зачувување или повраток на податоци.
Вашите законски права кои произлегуваат од применливите закони не се засегнати од оваа доброволна
гаранција на производителот.
Доколку го донесете Вашиот производ на сервис во земја која не е земјата каде сте го купиле производот,
ќе се обидеме да го сервисираме Вашиот производ во согласност со условите од гаранцијата за земјата
каде што сте го купиле производот.
За да добиете сервисирање во рамките на гарантниот период, Ве молиме контактирајте го Вашиот
продавач или Центарот за грижа на корисници на Philips. Податоците за контакт можете да ги најдете на:
www.philips.com/lighting.
Го зачувуваме правото на измени во дизајнот и на техничките спецификации.
Philips и заштитниот амблем на Philips се регистрирани трговски марки на Koninklijke Philips N.V.
Hvala vam na kupovini ovog proizvoda kompanije Philips Hue. Zahvalni smo vam što ste se opredelili za brend
SR
Philips i želimo vam prijatno iskustvo pri korišćenju proizvoda. Posetite www.meethue.com da naučite više o Hue
proizvodima i načinu korišćenja.
"Hue Personal Wireless Lighting" je zaštitni znak u vlasništvu kompanije Signify Holding B.V.
Proizvođač preporučuje pravilnu upotrebu ovog proizvoda! Stoga uvek pratite ova uputstva radi ispravne i
bezbedne instalacije i funkcionisanja proizvoda i sačuvajte ih za kasnije korišćenje.
Uvek isključite napajanje pre instalacije, održavanja ili popravke.
Ovo napajanje koristite samo za Philips HUE 24V
svetiljke
Ne otvarajte napajanje radi sopstvene bezbednosti.
Ovaj proizvod ne omogućava prigušivanje.
19