алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Употребувајте само сечила за пила, чија
u
максимално дозволена брзина е повисока од
бројот на празни вртежи на вашиот електричен
алат.
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите што се наведени на
u
страницата со опрема. Само овие уреди за полнење
се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата (2) има два степени на блокирање, што
спречуваат да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата (1).
Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат,
таа се држи во позиција со помош на пружина.
За да ја извадите батеријата (2) притиснете на копчињата
за отклучување (1) и извлечете ја батеријата наназад од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата (16) ја покажуваат состојбата на
наполнетост на батеријата (2). Од безбедносни причини,
наполнетоста на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(4) до пола или целосно, за да се прикаже состојбата на
наполнетост.
LED-светилки
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Bosch Power Tools
LED-светилки
Трепкаво светло 1 x зелено
Доколку по притискањето на прекинувачот за
вклучување/исклучување (4) не свети ниту една LED-
светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Ставање/менување на сечилото за кружната
пила
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат извадете ја батеријата.
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Користете само листови на пила, кои одговараат на
u
наведените податоци во ова упатство за користење
и на електричниот алат или се проверени според
EN 847-1 и се соодветно означени.
Во никој случај не користете дискови за брусење
u
како алат за вметнување.
Демонтирање на сечилото за пила (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот алат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (6) и
држете го притиснато.
Копчето за блокирање на вретеното (6) активирајте
u
го само доколку вретеното на пилата е во состојба
на мирување. Инаку електричниот алат може да се
оштети.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (5) одвртете ја
затезната завртка во правец на вртење ➊.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(20) и држете го цврсто.
– Извадете ја стезната прирабница (25) и сечилото за
пилата (24) од вретеното на пилата (21).
Монтирање на сечилото за пила (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот алат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Исчистете го сечилото за пила (24) и сите стезни
делови што се монтираат.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(20) и држете го цврсто.
– Поставете го сечилото за пила (24) на приклучната
прирабница (23). Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на
заштитниот капак (20).
– Поставете ја стезната прирабница (25) и затегнете ја
Капацитет
затезната завртка (26) во правец на вртење ➋.
≥ 2/3
Внимавајте на правилна положба на монтирање на
≥ 1/3
приклучната прирабница (23) и стезната прирабница
(25).
< 1/3
Македонски | 187
Капацитет
Резерва
1 609 92A 4L6 | (28.08.2018)