Нивото на вибрации наведенo во овие упатства е
измеренo со нормирана постапка за мерење и може да
се користи за меѓусебна споредба на електрични алати.
Исто така може да се прилагоди за предвремена процена
на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, може
да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително
да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот
на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и
алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Вклучување
За Ваша безбедност
Предупредување: Пред да го прилагодувате или
u
чистите уредот, исклучете го и извадете му ја
батеријата.
По исклучувањето на машината, сечилото работи
u
уште неколку секунди.
Не допирајте го сечилото додека се движи.
u
Полнење на батеријата
Батеријата е опремена со температурен монитор кој
дозволува полнење само на температури од 0 °C до 45 °C
степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата
употреба ставете ја на полнач додека не се наполни
целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не ú наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабинско
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку
батеријата е празна, електричниот апарат се исклучува со
заштитен прекинувач: Пумпата ќе се исклучи.
По автоматското исклучување на уредот, не
притискајте на прекинувачот за вклучување/
исклучување. Батеријата може да се оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.
Bosch Power Tools
Редење/вадење на батеријата (види слика B)
Совет: Користењето на несоодветни батерии може да
доведе до погрешно функционирање или до оштетување
на уредот.
Повторно ставете ја батеријата (9) . Проверете дали
батеријата е правилно вклопена.
За вадење на батеријата (9) од уредот, притиснете го
копчето за вадење на батеријата (8) и извадете ја
батеријата.
Полнење
Полнењето започнува кога полначот е приклучен во
утикач и батеријата (6) е вметната во полначот (10).
Поради интелигентниот процес на полнење, автоматски
се препознава состојбата на наполнетост на батеријата и
ќе биде наполнета со оптималниот капацитет во
зависност од температурата и напонот на батеријата.
Така се негува батеријата и при чување во полначот
постојано е наполнета.
Значење на елементите за приказ
(AL 1815 CV)
Трепкаво светло на приказот за наполнетост на
батеријата
Процесот на брзо полнење се сигнализира
со трепкање на приказот за полнење на
батеријата .
Постојано светење на индикаторот за наполнетост на
батеријата
Трајно светло на приказот за наполнетост
Full
на батеријата сигнализира дека батеријата е
целосно наполнета или дека температурата на батеријата
е надвор од дозволените граници на температура за
полнење и затоа не може да се наполни. Штом се
постигне дозволената граница на температура,
батеријата ќе се полни.
Откако ќе ја извадите батеријата трајното светло на
приказот за полнење на батеријата , сигнализира дека
струјниот приклучок е сеуште приклучен на ѕидната
дозна и полначот е подготвен за работа.
Значење на елементите за приказ
(AL 1830 CV/AL 1880 CV)
Трепка (брзо) зелениот индикатор за наполнетост
Процесот на брзо полнење се сигнализира
со брзо трепкање на зелениот приказ за
полнење на акумулаторот .
Напомена: Брзото полнење е можно само ако
температурата на батеријата е во границите на
дозволената температура, види го делот „Технички
податоци".
Трепка (полека) зелениот индикатор за наполнетост
При наполнетост на батеријата од околу
80%, зеленото светло трепка полека .
Македонски | 205
F 016 L81 850 | (23.11.2018)