OBJ_BUCH-2496-003.book Page 111 Monday, February 29, 2016 10:39 AM
– се преоптовари електричниот алат или
– е накривен во однос на парчето што се обработува.
Цврсто држете го електричниот апарат. При
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Останати напомени за безбедност и
работење
Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето и да доведе до алергиски
реакции, заболувања на дишните патишта и/или
рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата
употреба ставете ја на полнач додека не се наполни
целосно.
Bosch Power Tools
Прочитајте го упатството за употреба на полначот.
Електричниот апарат ставете го на шрафот само
доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се
врти, тој може да се преврти и падне.
LED-приказот за време на одвртувањето го
покажува моменталниот фактички ефективен
вртежен момент – види слика 5, страна 149.
Електричниот апарат автоматски се исклучува,
штом се постигне подесениот вртежен момент. LED-
приказот трепка 3x.
По отпуштање на прекинувачот за
вклучување/исклучување LED-приказот го
покажува последниот ефективен вртежен момент.
За сериски одвртувања, поставете го лизгачот за
вртежен момент на оваа вредност.
При половично или целосно притиснат прекинувач
за вклучување/исклучување, приказот на
наполнетост на батеријата за неколку секунди ја
прикажува наполнетоста на батеријата и се состои
од 3 зелени LED светилки.
ЛЕД светло
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Бавно трепкање на светлото 1 x зелено
3-те LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата брзо трепкаат, доколку температурата е
надвор од обемот на работна температура од
–20 до +50°C или реагира заштитата од
преоптоварување.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
PSR Universal
+
PSR Expert
LI-2: Батериска дупчалка-
одвртувач
Сиво означено поле: рачка
(изолирана дршка)
Број на дел/артикл
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност
Македонски | 111
Капацитет
≥ 75%
50—75%
26—50%
≤ 25%
+
LI-2
1 609 92A 1MU | (29.2.16)