Bosch GAS 35 M AFC Professional Notice Originale page 192

Masquer les pouces Voir aussi pour GAS 35 M AFC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 24
OBJ_BUCH-1715-004.book Page 192 Monday, December 12, 2016 1:45 PM
192 | Македонски
– За Приклучување на вшмукувачот приклучете го на
конекторот 5 од приклучениот електричен апарат.
Вшмукувачот автоматски почува со работа.
– Исклучете го електричниот апарат, за вшмукувањето
да заврши.
Функцијата за продолжен тек на Старт/Стоп
автоматиката продолжува да работи уште 15 секунди,
за да ја вшмука останатата прав од цревото за
вшмукување.
– За да го исклучите, вшмукувачот,
прекинувачот за избор на начин на работа 7
поставете го на ознаката „Исклучување".
Доколку слушнете звучен сигнал за предупредување,
мора да го проверите вшмукувачот како што е опишано во
делот „Отстранување на пречки".
Вшмукување на влажни материјали
 Со вшмукувачот не вшмукувајте запаливи или
експлозивни течности, на пр. бензин, масло,
алкохол, средства за растворање. Не вшмукувајте
жешка или запалива прав. Не го користете
вшмукувачот во простории каде постои опасност од
експлозија. Правта, пареата или течностите може да се
запалат или да експлодираат.
 Вшмукувачот не смее да се користи како водена
пумпа. Вшмукувачот е наменет за вшмукување на
воздушни и водени мешавини.
 Пред било каква интервенција на вшмукувачот,
извлечете го струјниот приклучок од конекторот.
Напомена: Барањето за степен на пропустливост (класа
на прав M) е утврдено само за вшмукување на суви
материјали.
– Пред вшмукување на влажни материјали извадете ја
вреќичката за отпад 25 или прав и испразнете го
контејнерот 1.
Напомена: За полесно отстранување, при вшмукувањето
на мешавина од вода и цврсти материјали, користете
водена филтер вреќичка (опрема), која ќе ја одвои водата
од цврстите материјали.
– Поставете ја гумената лента на подната млазница (види
„Местење на гумената лента", страна 191).
– Исклучете го автоматското чистење на филтерот (AFC)
(види „Деактивирање на AFC", страна 192).
Вшмукувачот е опремен со сензори за ниво на
наполнетост 37. Доколку се достигне максималното ниво
на наполнетост, вшмукувачот се исклучува. Прекинувачот
за избор на начинот на работа 7 поставете го на ознаката
„Исклучување".
Напомена: При вшмукување на неспроводливи
материјали (на пр. емулзија настаната при дупчење, масла
и маснотии) вшмукувачот нема да се исклучи и при полн
контејнер. Состојбата на наполнетост мора постојано да се
проверува и контејнерот навреме да се празни.
Доколку при вшмукувањето на влажни материјали се
слушне акустичен сигнал за предупредување, безбедноста
на функцијата на вшмукувачот не е нарушена. Нема
потреба од мерки за поправа на пречките.
1 609 92A 2N3 | (12.12.16)
– При транспорт на вшмукувачот, зашрафете ги чеповите
2 на прифатот на цревото 3.
За да се избегне создавањето на мувла по вшмукувањето
на влажни материјали:
– Извадете го набраниот филтер 26 и оставете го добро
да се исуши.
– Извадете го горниот дел на вшмукувачот 12, отворете
го поклопецот на филтерот 36 и оставете ги добро да се
осушат.
Чистење на филтерот
Автоматско чистење на филтерот (види слика H)
Доколку е вклучено автоматското вклучување на
филтерот (AFC = Automatic Filter Cleaning) набраниот
филтер 26 ќе се чисти на секои 15 секунди со воздушен
млаз (пулсирачки звук).
Подоцна, откако јачината на вшмукување ќе се намали,
филтерот мора да се исчисти.
Со редовно чистење на филтерот се зголемува рокот на
траење на филтерот.
За да се постигне идеален рок на употреба на филтерот,
деактивирајте го чистењето на филтерот само во
исклучителни случаи: на пр. при вшмукување на чисти
течности или при користење на хартиена филтер вреќичка.
Доколку набраниот филтер е извалкан на површината, тој
сепак е целосно функционален. Рачно чистење на
набраниот филтер со тропање или издувување не е
потребно и може да го исчисти филтерот.
Напомена: Автоматското чистење на филтерот е
фабрички вклучено.
Вклучувањето/исклучувањето на автоматското чистење
на филтерот е возможно само доколку уредот е вклучен.
– Деактивирање на AFC
Активирајте го копчето за AFC 9.
Контролното LED-светло 35 се гаси.
– Активирање на AFC
Активирајте го копчето за AFC 9.
Контролното LED-светло 35 свети зелено.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на вшмукувачот,
извлечете го струјниот приклучок од конекторот.
 Одржувајте ја чистотата на вшмукувачот и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
 При сервис и чистење на вшмукувачот користете
маска за заштита од прав.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Најмалку еднаш годишно потребно е са се изврши
техничка проверка од страна на производителот или
овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières