Bosch GAS 35 M AFC Professional Notice Originale page 191

Masquer les pouces Voir aussi pour GAS 35 M AFC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 24
OBJ_BUCH-1715-004.book Page 191 Monday, December 12, 2016 1:45 PM
вреќичката за прав со затворање на капакот. Извадете
ја затворената вреќичка за прав од вшмукувачот.
– Наместете ја новата вреќичка за прав на приклучната
прирабница на вшмукувачот. Проверете дали
вреќичката за прав по целата должина налегнува на
внатрешниот ѕид од контејнерот 1 .
– Вратете го на место горниот дел на вшмукувачот 12 и
затворете ги затворачите 13.
Местење на гумената лента
(Вшмукување на влажни материјали)
(види слика E)
Напомена: Барањето за степен на пропустливост (класа
на прав M) е утврдено само за вшмукување на суви
материјали.
– Извадете ги четките 29 со соодветен алат од подната
млазница 30.
– Поставете ја гумената лента 28 во подната млазница
30.
Напомена: Структурираната страна на гумената лента
мора да покажува нанадвор.
Прикачување на L-Boxx (види слика F)
За транспорт на вшмукувачот и за заштеда на простор при
складирање на опремата на вшмукувачот и/или
електричниот апарат, може да прикачите L-Boxx на
горниот дел од вшмукувачот.
– Прикачете ја L-Boxx на држачите 11.
 Не го носете вшмукувачот на рачката за носење на
прикачената L-Boxx. Вшмукувачот е претежок за
рачките за носење на L-Boxx. Постои опасност од
повреда и оштетување.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
вшмукувачот. Електричните уреди означени со
230 V исто така може да се користат на 220 V.
 Ве молиме информирајте се за важечките
одредби/закони во вашата земја во врска со
постапувањето со честички прав што се штетни по
здравјето.
Вшмукувачот може да се користи за вшмукување и
издувување на следните материјали:
– Прав со гранична вредност на изложеност ≥ 0,1 mg/m
Во основа, вшмукувачот не смее да се користи во
простории каде постои опасност од експлозија.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го вшмукувачот
само доколку го користите.
За да се овозможи оптимален капацитет на вшмукување,
мора целосно да го одвиткате цревото за вшмукување 24
од горниот дел на вшмукувачот 12.
Bosch Power Tools
Вшмукување на суви материјали
Вшмукување на наталожена прав
– Подесете го регулаторот на волуменски проток 6 на
дијаметарот на цревото.
– За да го вклучите, вшмукувачот,
прекинувачот за избор на начин на работа 7
поставете го на ознаката „Вшмукување".
– За да го исклучите, вшмукувачот,
прекинувачот за избор на начин на работа 7
поставете го на ознаката „Исклучување".
Вшмукувачот е опремен со контрола на волуменскиот
проток. Контролата на волуменскиот проток е фиксно
поставена на „Вшмукување" на вредност од20 m/s,
независно од позицијата на регулаторот на волуменскиот
проток 6.
Доколку оваа вредност се пречекори, на пр. поради
насобрана нечистотија во цревото за вшмукување, полна
вреќичка за прав или вметнат набран филтер, се слуша
звучен сигнал за предупредување. Во тој случај,
исклучете го вшмукувачот и проверете го како што е
опишано во делот „Отстранување на пречки".
Вшмукување на правта што се создава додека работат
електричните апарати (види слика G)
 Мора да постои доволен степен на проток на воздух
(L) во просторот, бидејќи издувниот воздух се враќа
во просторијата. Внимавајте на односните прописи
во земјата.
Во вшмукувачот има вградено шуко приклучница 5. Таму
може да приклучите надворешен електричен апарат.
Внимавајте на максимално дозволената приклучна моќ на
електричниот апарат што се приклучува.
За да се овозможи доволен пренос на правта до местото
на вшмукување, не треба да се пречекори најмалиот
волуменски проток за приклучениот електричен апарат.
Дијаметар на цревото
35 мм
22 мм
15 мм
– Подесете го регулаторот на волуменски проток 6 на
дијаметарот на цревото.
– Монтирајте го муфот 22 (види „Монтирање на муфот",
страна 190).
– Прикачете го муфот 22 на млазниците за вшмукување
на електричниот апарат.
– За вклучување на Старт/Стоп
3
автоматиката на вшмукувачот,
поставете го прекинувачот за избор на
начин на работа 7 на ознаката
„Старт/Стоп автоматика".
При овој начин на работа, волуменскиот проток
електронски се контролира согласно позицијата на
регулаторот 6. Доколку е правилно избрана
поставката, се овозможува доволен пренос на правта.
Македонски | 191
Поставена вредност за
волуменски проток
3
57,9 м
3
41,2 м
3
12,7 м
1 609 92A 2N3 | (12.12.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières