Доколку точноста при нивелирање на хоризонталните
ласерски зраци за должинската и попречната оска лежи
во рамките на максималното дозволено отстапување, со
тоа е проверена точноста на нивелирањето на
вертикалните зраци (вертикална оска).
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го
надмине максималното отстапување, тогаш треба да се
поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Проверка на хоризонталната точност при нивелирање
на должинската оска
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
20 m на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
држач, одн. на еден статив или поставете го на цврста,
рамна подлога. Вклучете го мерниот уред.
A
20 m
– Насочете го хоризонталниот ласерски зрак, кој
поминува паралелно на должинската оска на мерниот
уред, на блискиот ѕид A. Оставете го мерниот уред да
се изнивелира. Означете ја средината на ласерската
точка на ѕидот (точка Ⅰ).
A
180°
– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се
нивелира и означете ја средината на точката на
ласерскиот зрак на спротивниот ѕид B (точка Ⅱ).
– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во
близина на ѕидот B, вклучете го и оставете го да се
нивелира.
Bosch Power Tools
A
– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на
стативот или евентуално со подлогата), така што
средината на точката на ласерскиот зрак точно ќе ја
погоди претходно означената точка Ⅱ на ѕидот B.
A
B
d
– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените
висината. Оставете го да се изнивелира и означете ја
средината на точката на ласерскиот зрак на ѕидот A
(точка Ⅲ). Внимавајте на тоа, точката Ⅲ да лежи што е
можно повертикално над одн. под точката Ⅰ.
– Разликата d на двете означени точки Ⅰ и Ⅲ на ѕидот A
го дава фактичкото отстапување од висината на
мерниот уред.
B
На мерна линија од 2 × 20 m = 40 m максималното
дозволено отстапување изнесува:
40 m × ±0,3 mm/m = ±12 mm. Разликата d меѓу точките Ⅰ
и Ⅲ смее да изнесува најмногу 12 mm.
Проверка на хоризонталната точност при нивелирање
на попречната оска
За проверка потребна е една слободна мерна линија од
20 m на цврста подлога пред ѕид.
– Монтирајте го мерниот уред на 20 m растојание од
ѕидот на држачот одн. на статив или поставете го на
цврста, рамна подлога. Вклучете го мерниот уред.
Македонски | 115
B
B
180°
1 609 92A 4HT | (29.01.2019)