Bosch GSH 27 VC Professional Notice Originale page 92

Brise-béton
Masquer les pouces Voir aussi pour GSH 27 VC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 13
OBJ_BUCH-1144-007.book Page 92 Tuesday, September 13, 2016 9:28 AM
92 | Македонски
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Замена на алатот
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
– Исчистете го вратилото на алатот 5 и лесно намастете
го.
Алати за вметнување без венец (види слики A–B)
– Навалете го заштитниот држач 3 за околу 150° нагоре и
ставете го алатот за вметнување во прифатот за алат 4.
– Навалете го заштитниот држач 3 надолу, за да го
блокирате алатот за вметнување.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Алати за вметнување со венец (види слики C–D)
Алатите за вметнување со должина на прифатот од 152 мм
(6") може да ги користите до венецот.
– Навалете го заштитниот држач 3 за околу 180° нагоре и
ставете го алатот за вметнување во прифатот за алат 4.
– Навалете го заштитниот држач 3 назад до алатот за
вметнување, за да го блокирате. Венецот 6 мора да се
држи преку заштитниот држач 3.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
1 609 92A 2BG | (13.9.16)
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
– За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 1 и држете го притиснат.
– За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1.
На ниски температури електричниот апарат дури по
одреден период го постигнува целосниот капацитет на
удари.
Ова стартно време може да го скратите, така што алатот
што е вметнат во електричниот апарат ќе го удрите еднаш
од под.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
За што поголемо придушување на ударите, работете само
со умерен притисок.
Острење на алатот за длетување
Само со остри алати за длетување може да постигнете
добри резултати, затоа редовно острете ги истите. Ова
овозможува подолг рок на употреба на алатите и добри
работни резултати.
Дополнително брусење
Острете ги алатите за длетување на брусните плочи, на пр.
корунд, со ист довод на вода. На сликата се прикажани
референтните вредности. Внимавајте на тоа, на острицата
да не се појави боја на отпуштање; ова ја оштетува
цврстината на алатите за длетување.
60
4
60
20
60
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

061130a000

Table des Matières