266 | Македонски
макс. [mm]
D
b
82
–
Вртење на погонската глава (види слика A)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Погонската глава може да ја вртите со чекори од 90°.
Притоа, прекинувачот за вклучување/исклучување за
специјалните случаи на работа може да се постави во
поповолна позиција за ракување, на пр. за левораки
лица.
Целосно одвртете ги 4-те завртки. Внимателно навалете
ја погонската глава и без да ја извадите од куќиштето
ставете ја во новата позиција. Повторно навртете ги 4-те
завртки.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
1 609 92A 6PP | (23.06.2021)
[mm]
–1
d
[min
]
[m/s]
M 14
11500
80
При работа на електричниот алат со мобилни
произведувачи на струја (генератори), кои не
располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не
располагаат со соодветна регулација на јачина, може да
дојде до губење на јачината или нетипично однесување
при вклучување.
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот
на струја, особено во поглед на мрежниот напон и
фреквенција.
Држете го уредот само за изолираните рачки и
u
дополнителната рачка. Алатот за вметнување може
да дојде во контакт со скриени струјни кабли или
сопствениот кабел. Контактот со струјниот кабел
може металните делови на уредот да ги стави под
напон и да доведе до електричен удар.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат, најпрво
притиснете ја наназад рачката за ослободување (5) и
потоа притиснете го нагоре прекинувачот за вклучување/
исклучување (3).
За да го исклучите, електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3).
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
u
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да
предизвикаат повреди.
Исклучување при повратен удар
(GWS 12-125 CIP / GWS 12-125 CIEP /
GWS 15-125 CIP / GWS 15-125 CIEP / GWS 15-150 CIP)
При ненадејна пречка на електричниот алат,
на пр. блокирање на резот при сечење,
доводот на струја до моторот електронски ќе
се прекине.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (3) во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Заштита од рестартирање
(GWS 12-125 CIP / GWS 12-125 CIEP /
GWS 15-125 CIP / GWS 15-125 CIEP / GWS 15-150 CIP)
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на струја.
Bosch Power Tools