Правилен пренос може да постигне само на
овој начин.
4. Ракување, совети
и препораки
Граничник за длабина
Вретеното е опремено со граничник за
длабина. Тој се дотерува со помош на навртка.
Длабината се отчитува на поделбите на
скалата.
Стегање на бургија
Сл. F
Во главата на дупчалката можат да се стегнат
бургии или други алати со цилиндрична дршка.
Вртежниот момент се пренесува на бургијата
преку трите стезни пакнови.
За да се спречи пролизгување на бургијата, таа
мора да се стегне со назабениот клуч. Ако
бургијат проврти во футерот, на стезните
површини ќе се појави мала струшка, која ќе
оневозможи централното стегање. Настанатата
струшка мора да се отстрани со брусење.
Стегање на работно парче
Fig. G
Масата и основната полоча на дупчалката
имаат жлебови за прицврстување на стезни
алати. Работното парче секогаш да го стегате
во стега или други стезни алати. На овој начин
ќе спречите несреќи и ќе ја зголемите точноста
на дупчењето, бидејќи работното парче е во
стегната положба.
Прилагодување на масата
Сл. H
Масата е стегната на столбот на дупчалката и
може да се прилагодува по висина, со
отстегање на стезната рачка. Прилагодете ја
масата така да има доволно простор помеѓу
работното парче и врвот на бургијата. Исто
така масата можете да ја свртите на страна,
ако сакате парчето да го стегнете на основата.
Сл. I
За коси дупчења и кај коси потпори на
работното парче, масата може да се
наведнува. За таа цел отстегнете ја завртката
(20) на шарката (21) на масата и отстранете го
центрирањето (21). Завртете ја масата (19) во
сакана положба. Потоа стегтнете ја завртката
(20) со помош на клуч.
Ferm
Број на вртежи, брзина на ротација, помест
Поместот – надолжно поместување на
бургијата - се одржува рачно, со рачката со 3
краци. Брзината на ротацијата е определена со
бројот на вртежите на вретеното и со пречникот
на бургијата. Правилниот избор на поместот и
бројот на вртежите на бургијата се одлучувачки
фактори за трајноста на бургијата. Следното е
како основно правило: со поголем пречник на
бургијата, бројот на вртежите треба да е помал;
ако работното парче е потврдо, потребен е
поголем работен притисок.
За да не се прегрее бургијата, во ваков случај,
поместот и брзината на ротација во исто време
мораат да се намалат . Покрај тоа, бургијата
мора да се лади со емулзија. Кај тенки плочи,
длабоки дупчења, дупчењето треба да се
изведува внимателно, со мали помести и мал
притисок, за да се добијат прецизни резултати
и дупчењето да остане со точна големина.
За длабоко дупчење (повеќе од 2xd)
исфрлањето на струшката е отежнато, а
температурата на бургијата е висока. Затоа
намалете го поместот и бројот на вртежите и
обезбедете подобро исфрлање на струшката
со вадење на бургијата. За дупчење на
пречници поголеми од 8 mm, треба да се
направи пред дупчење, за да се избегне
предвремено трошење на врвот на бургијата
поради голем притисок.
Користење на ласер (сл. A)
•
За вклучување на ласерот (8), притиснете
го on/off прекинувачот (7).
•
За ислучување на ласерот (8), отпуштете го
on/off прекинувачот (7).
5. Одржување
Уверетеседекамашинатае
исклученакогагоодржувате
моторот.
Оваа машина е конструирана да работи долг
период со минимално одржување.
Непрекинатото успешно работење зависи од
грижата на машината и редовното чистење.
Чистење
Чувајте ги чисти отворите за вентилација за да
се спречи прегревање на моторот. Редовно
чистете го куќиштето со мекана крпа, по
можност после секое користење. Чувајте ги
MK
41