Отворите за вентилација и прекинувачите мора да се одржуваат чисти
и без туѓи материи. Немојте да се обидувате да го чистите алатот со
пикање на остри предмети преку отворите.
ОДРЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА ЧИСТЕЊЕ И РАСТВОРУВАЧИ
!
МОЖАТ ДА ГИ ОШТЕТАТ ПЛАСТИЧНИТЕ ДЕЛОВИ. Некои од
нив се: бензин, јаглерод тетрахлорид, хлорирани растворувачи,
амонијак и детергенти за домаќинството кои содржат амонијак.
НЕГА НА СЕЧИЛАТА
Сечилата стануваат тапи дури и од сечење на нормално дрво. Ако
забележите дека премногу мора да го форсирате ротирачкиот алат
нанапред за сечење, наместо само да го водите, постојат големи шанси
дека сечилото е тапо или обложено со смола.
Кога чистите смола од сечилото, исклучете го ротирачкиот алат и
отстранете го сечилото. Запомнете дека сечилата се дизајнирани да
сечат, така што внимателно ракувајте со нив. Избришете го сечилото со
керозин или сличен растворувач за да ја отстраните смолата.
Тапото или оштетено сечило го забавува сечењето и го оптоварува
ротирачкиот алат, а може да предизвика и ПОВРАТЕН УДАР. Имајте
дополнителни сечила при рака за секогаш да имате остри и ефикасни
сечила како замена за тапото или оштетено сечило.
Употребувајте само сечила за пила од Dremel со додатокот за пила.
Овој производ од DREMEL поседува гаранција во согласност со
одредбите пропишани со законот, или коишто се специфични за земјата;
оштетувањата поради нормалното користење и абење, преоптоварување
или непрописно користење се изземени од гаранцијата.
Во случај на рекламација, испратете го алатот до вашиот дистрибутер
во нерасклопена состојба заедно со доказот за купување.
КОНТАКТ СО DREMEL
За повеќе информации во врска со асортиманот на Dremel, поддршка или
телефонска линија за потрошувачите, посетете нè на www.dremel.com
Bosch Power Tools B.V., Konijnenberg 60, 4825 BD Breda, Холандија
СЕРВИС И ГАРАНЦИЈА
338