електричен алат ако сте уморни или под влијание на дрога,
алкохол или лекарства. Само еден момент на невнимание
додека ракувате со електричен алат може да доведе до сериозни
телесни повреди.
b. Користете опрема за лична заштита. Секогаш носете заштита за
очите. Заштитната опрема, како на пр. маска против прашина,
нелизгачки заштитни чевли, заштитен шлем или заштита
за ушите, која се користи во соодветни услови, ќе ја намали
можноста од повреди на лицата.
c.
Избегнувајте случајно вклучување. Уверете се дека
прекинувачот е во исклучена положба „off" пред да го
приклучите на електрична мрежа и/или батерија. Носењето
на електричниот алат со прстот на прекинувачот или
приклучувањето на електричниот алат додека прекинувачот е
во положба „on" може да предизвика несреќа.
d. Отстранете ги сите средства за подесување и сите клучеви
пред да го вклучите електричниот алат. Ако оставите клуч или
средство за подесување прикачени на некој ротационен дел од
електричниот алат, тоа може доведе до телесна повреда.
e.
Не пресегнувајте се премногу. За сето време одржувајте
стабилна положба и рамнотежа. Тоа Ви овозможува подобра
контрола над електричниот алат во неочекувани ситуации.
f.
Носете прописна облека. Немојте да носите широка облека или
накит. Косата, облеката и нараквиците држете ги понастрана
од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата
коса можат да се заплеткаат меѓу подвижните делови.
g. Ако на уредите е прикачен вшмукувач на прашина, проверете
дали се добро споени и дали правилно се користат.
Користењето собирач на прашина може да ги намали
опасностите предизвикани од прашина.
h. Не дозволувајте фактот дека имате искуство со
функционирањето на други видови на алатки да ви влијае
врз употребата на оваа алатка и поради тоа да ги игнорирате
безбедносните правила. Само едно нивнимателно дејство е
доволно за да ве повреди во дел од секунда.
КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ АЛАТ
a.
Немојте да го форсирате електричниот алат. Користете
соодветен електричен алат кој е потребен за Вашата дадена
ситуација. Со соодветниот електричен алат подобро и
побезбедно ќе ја завршите работата за која е дизајниран.
327