Употреба Со Соодветна Намена; Илустрација На Компоненти - Bosch GWS 24-300 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GWS 24-300 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
OBJ_BUCH-280-006.book Page 174 Thursday, August 25, 2016 5:34 PM
174 | Македонски
 Не го вклучувајте повторно електричниот апарат,
додека се наоѓа во делот што се обработува.
Оставете брусната плоча за сечење да го постигне
полниот вртежен момент, пред да продолжите со
резот. Инаку, плочата може да се заглави, да излета од
делот што се обработува или да предизвика повратен
удар.
 Потпрете ги плочите или големите делови за
обработка, за да го избегнете ризикот од повратен
удар поради заглавената брусна плоча за сечење.
Големите делови што се обработуваат може да се
свиткаат под својата тежина. Делот што се обработува
мора да го потпрете на двете страни од плочата, како во
близина на местото на сечење, така и на рабовите.
 Особено бидете претпазливи при длабинско сечење
во скриено подрачје, како на пример, во ѕид.
Брусната плоча за сечење која пресекла гасовод или
водоводни цевки, електрични кабли или други објекти
може да предизвика повратен удар.
Дополнителни сигурносни напомени
Носете заштитни очила.
 Зацврстете го делот што се обработува со стеги или
на друг начин на една стабилна подлога. Доколку го
држите делот што се обработува само со рака или
спроти телото, тој е нестабилен и ова може да доведе до
губење на контролата.
 Носете заштита за слухот, заштитни очила, маска за
заштита од прав и ракавици. Како маска за заштита
од прав носете маска од класата FFP 2 со
филтрирање на најмалку една честичка.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 Доколку обработувате камен, користете вшмукувач
за прав. Вшмукувачот за прав мора да биде одобрен
за вшмукување на прав при обработка на камен.
Користењето на овие уреди ја намалува опасноста
предизвикана од правта.
 За сечење на камен употребете ги лизгачкие
водилки. Без странично водење, брусната плоча може
да се заглави и да предизвика повратен удар.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
1 609 92A 2CD | (25.8.16)
 Електричниот апарат не го користете доколку
кабелот е оштетен. Не го допирајте оштетениот
кабел и не го влечете струјниот приклучок, доколку
кабелот се оштети за време на работењето.
Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен
удар.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење на метални и
камени материјали на цврста подлога со лизгачки водилки
без употреба на вода.
За сечење на камен мора да се користи специјална хауба
за вшмукување за сечење со лизгачки водилки (опрема).
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Држач
2 Навојна чаура за држачот
3 Копче за блокирање на вретеното
4 Стрелка за правец на вртење на брусното вретено
5 Вретено за брусење
6 Заштитна хауба за сечење
7 Шраф за подесување на заштитната хауба
8 Затезен лост за заштитната хауба
9 Приклучна прирабница
10 Брусни плочи/брусни плочи за сечење*
11 Затезен диск
12 Брзозатезна навртка
13 Стезна навртка
14 Клуч со внатрешна шестаголна глава**
15 Лизгачки водилки
16 Прекинувач за вклучување/исклучување
17 Кодирани запци
18 Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка *
19 Зглоб за вшмукување *
20 Рачка (изолирана површина на дршката)
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
**комерцијално (не е содржано во обемот на испорака)
*
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gws 24-300 j professional

Table des Matières