Совети При Работењето - Bosch TE 600 Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour TE 600:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 9
OBJ_BUCH-1898-002.book Page 47 Monday, October 24, 2016 11:22 AM
10 Фино подесена скала за длабочината на глодање
11 Скала за подесување на длабочината на глодање
12 Лост за деблокирање на функцијата на вдлабнување
13 Лост за затегање
14 Рачка (изолирана површина на дршката)
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака.
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Вметнете ја погонската во единицата за
вдлабнување (види слика A)
– Отворете го лостот за затегање 13, доколку е затворен.
– Двојните стрелки на погонската и единицата за
вдлабнување 2 наместете ги да се поклопат.
– Погонската единица турнете ја до крај во единицата за
вдлабнување и свртете ја погонската единица до крај во
правец на стрелките на часовникот.
– Затворете го лостот за затегање.
 ПО монтажата секогаш проверете, дали погонската
единица лежи цврсто во единицата за вдлабнување.
Употреба
Подесување на длабочината за глодање
(види слика B)
 Подесувањето на длабочината на глодање смее да
се врши само доколку електричниот апарат е
исклучен.
Грубо подесување на длабочината на глодање
– Електричниот апарат со монтирана глодалка поставете
го на делот што се обработува.
– Скалата за фино подесување свртете ја 10 на „0".
– Револвер-граничникот 8 поставете го на најнизок
степен ; кога ќе се вклопи револвер-граничникот ќе
кликне.
– Олабавете го шрафот со нарецкана глава на
граничникот за длабочина 5, така што граничникот за
длабочина 3 ќе може слободно да се движи.
– Притиснете го лостот за деблокирање на функцијата за
вдлабнување 12 и полека водете ја аголната глодалка
надолу, додека не ја допре површината на делот што се
обработува. Повторно отпуштете го лостот за
деблокирање 12 за да ја фиксирате оваа длабочина на
вдлабнување.
– притиснете го граничникот за длабочина 3 надолу,
додека не легне на револвер-граничникот 8. Лизгачот
со индекс ознака 4 наместете го на позиција „0" на
скалата за длабочина на глодање 11.
– Поставете го граничникот за длабочина 3 на саканата
длабочина за глодање и зацврстете го шрафот со
нарецканата глава на граничникот за длабочина 5.
Bosch Power Tools
Внимавајте на тоа, лизгачот со индекс ознаката 4 да не
го поместувате повеќе.
– Притиснете го лостот за деблокирање за функцијата за
вдлабнување 12 и водете ја аголната глодалка во
најгорната позиција.
Подесената длабочина на глодање ќе се постигне само
доколку при процесот на вдлабнување, граничникот за
длабочина 3 ќе запре на револвер-граничникот 8.
При големи длабочини на глодање треба да се направат
повеќе процеси на обработка со помало вадење
струготини. Со помош на револвер-граничникот 8 може
да го поделите процесот на глодање на повеќе степени.
Притоа, подесете ја саканата длабочина на глодање со
најнизок степен на револвер-граничникот и за првиот
процес на обработка изберете го највисокиот степен.
Растојанието меѓу степените изнесува околу 3 мм.
Фино подесување на длабочината на глодање
По пробата за глодање, со вртење на чаурата 9 можете да
ја подесите длабочината на глодање точно на саканите
димензии; свртете во правец на стрелките на часовникот
за зголемување на длабочината на глодање, а за
намалување на длабочината на глодање свртете во правец
спротивен на стрелките од часовникот. Скалата 10 служи
за ориентација. Едно свртување одговара на една
позиција на подесување од околу 1 мм, максималната
позиција на подесување изнесува околу 4 мм.
Доколку единицата на вдлабнување 2 се исклучува на
максималната длабочина на подесување, исто така преку
финото подесување не може да се постигне голема
длабочина на вдлабнување, бидејќи веќе е искористена
максималната позиција на вдлабнување.
Фино подесување исто така не е возможно, доколку
граничникот за длабочина 3 запира на револвер-
граничникот 8.
Подесување на длабочината на глодање со шаблони
Како шаблони користете го делот што треба да се монтира,
за кој треба да се изглода вдлабнувањето, на пр. една
шарка.
– Револвер-граничникот 8 поставете го на најнизок
степен ; кога ќе се вклопи револвер-граничникот ќе
кликне.
– Ставете го делот што треба да се монтира на најнизок
степен од револвер-граничникот.
– Олабавете го шрафот со нарецкана глава на
граничникот за длабочина 5, така што граничникот за
длабочина 3 ќе може слободно да се движи.
– Притиснете го граничникот за длабочина надолу,
додека не легне на делот што треба да се монтира и
зацврстете ги шрафовите со нарецкана глава на
граничникот за длабочина.
– Извадете го делот што треба да се монтира од
револвер-граничникот.
Совети при работењето
Правец и процес на глодање (види слика C)
 Процесот на глодање секогаш мора да се извршува
спроти правецот на ротација на глодалката
Македонски | 47
1 609 92A 3G3 | (24.10.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières