Ставање Во Употреба; Совети При Работењето - Bosch GKF 12V-8 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GKF 12V-8 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
150 | Македонски
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Подесување на длабочината на глодање
(види слики D–E)
Подесувањето на длабочината на глодање смее да
u
се врши само доколку електричниот алат е
исклучен.
Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го на
делот што се обработува.
Свртете го тркалцето за блокирање (14) за отприлика
половина свртување во правец обратен на стрелките на
часовникот, за да се одблокира поместувањето на
длабочините на глодање.
Притиснете го копчето (8) на грубото подесување на
длабочините на глодање и држете го притиснато.
Движете ја погонската единица нагоре одн. надолу и
грубо подесете ја саканата длабочина на глодање.
Отпуштете го копчето (8).
Со тркалцето за подесување (10) подесете ја точната
длабочина на глодање. Свртување на тркалцето за
подесување ја менува длабочината на глодање за 1 mm.
Блокирајте го поместувањето на длабочините на
глодање, со свртување на тркалцето за блокирање (14)
за отприлика половина свртување во правец на
стрелките на часовникот.
Проверете ја подесената длабочина на глодање со
практичен обид и доколку е потребно коригирајте ја.
Доколку трајно се осигура длабочината на глодање,
можете безбедносната завртка (11) да ја навртите во
тркалцето за подесување (10) на финото подесување на
длабочини на глодање.
Ставање во употреба
Ставање на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Вметнете ја наполнетата батерија (1) во прифатот за
батерија, додека не се вклопи и не легне рамно.
1 609 92A 57U | (04.03.2020)
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави I.
За исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нагоре,
така што на прекинувачот ќе се појави 0.
Совети при работењето
Заштитете ги алатите за глодање од удари.
u
Правец и процес на глодање ((види слики F–G)
Процесот на глодање секогаш мора да се извршува
u
спроти правецот на ротација на глодалката (17)
(спротивен тек). При глодање во правец на ротација
(ист тек) електричниот алат може да ви избега од
раката.
Напомена: Земете во предвид дека глодалката (17)
секогаш е издадена над основната плоча (12). Не го
оштетувајте шаблонот или делот што се обработува.
Поставете ја саканата длабочина на глодање.
Вклучете го електричниот алат и водете го по местото што
треба да се обработи.
Процесот на глодање вршете го со константна брзина.
По глодањето исклучете го електричниот алат.
Не го оставајте електричниот алат на страна,
u
додека глодалката не дојде во состојба на
мирување. Електричните алати кои не се во состојба
на мирување може да предизвикаат повреди.
Обликување и глодање на рабови (види слика H)
При обликување и глодање на рабови без паралелен
граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии-
водилки или куглично лежиште.
Водете го вклучениот електричен алат странично на
делот што се обработува, додека чивиите-водилки или
кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ од
делот што се обработува.
Водете го електричниот алат по работ на делот за
обработка. Притоа внимавајте на точниот агол при
потпирањето. Преголемиот притисок може да го оштети
работ на делот што се обработува.
За обликување и глодање на рабови важат следните
максимални димензии на делот што се обработува:
Материјал
Цврсто дрво
Меко дрво
Пластика
Лесонит со средна густина
Мултиплекс плочи
Радиус
Фаза
mm
mm
10
6
12
10
12
10
12
10
10
6
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières