OBJ_BUCH-2057-004.book Page 148 Wednesday, March 2, 2016 3:35 PM
148 | Македонски
Бракуване
С оглед опазване на околната среда приставката за рязане, принад-
лежностите и опаковките трябва да бъдат предавани за оползотворя-
ване на съдържащите се в тях суровини.
Правата за изменения запазени.
Македонски
Безбедносни напомени
Општи безбедносни напомени
Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
упатства што се приложени кон додатокот за сечење
и користењето на електричниот алат. Грешките
настанати како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и
за во иднина.
Безбедносни напомени за одвртувачи со додаток за
сечење
Пред било каква интервенција на одвртувачот со додаток за
сечење (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при
негов транспорт и складирање, прекинувачот за правец на
вртење ставете го во средна позиција. При невнимателно
ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно
одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку
се заглавуваат и со нив полесно се работи.
Заштитната хауба што припаѓа на додатокот за сечење не смее
да биде дефектна. Заштитната хауба треба да го заштити лицето
што ракува од скршени парчиња и случаен контакт со сечилото.
1 609 92A 1NB | (2.3.16)
Bosch Power Tools