Bosch PCM 8 S Notice Originale page 240

Masquer les pouces Voir aussi pour PCM 8 S:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 34
OBJ_BUCH-2325-003.book Page 240 Monday, October 24, 2016 11:12 AM
240 | Македонски
Монтирање на држачот за заштита од превртување
(види слика A)
Пред првата употреба на електричниот апарат мора да го
монтирате држачот за заштита од превртување 30.
– Свртете го електричниот апарат и внимателно
поставете го на заштитната хауба 4 и масата за пила 8.
– Вметнете го држачот за заштита од превртување 30 во
предвидените отвори на основната плоча, додека не се
израмнат навојните отвори на држачот за заштита од
превртување и основната плоча.
– Вметнете ги завртките за прицврстување 42 во
навојните отвори и затегнете ги со испорачаниот клуч
со внатрешна шестаголна глава 38.
– Свртете го електричниот уред, така што повторно ќе
стои во правилна позиција за работа.
 Никогаш не го отстранувајте држачот за заштита од
превртување. Без заштитата од превртување,
електричниот апарат нема да биде стабилен и може да
се преврти при сечење на максимални агли на
закосување.
Монтирање на стационарните продолжетоци на масата
за пила (види слика B)
Стационарните продолжетоци на масата за пила 17 мора
да се прицврстат на левата и десната страна на масата за
пила 8 со електричниот апарат.
– Вметнете по еден продолжеток на масата за пила 17 со
завртките за прицврстување 16 на предната страна во
прифатите 34 на електричниот апарат.
– Затегнете ги завртките за прицврстување 16 со
испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава 38.
Фиксна или флексибилна монтажа
Монтажа без подножје (види слика C)
– Зацврстете го електричниот апарат со соодветни
шрафови на работната површина. За тоа служат
отворите 9.
Флексибилна инсталација (не се препорачува!)
(види слика D)
Доколку, во исклучителни случаи, не е возможно да го
монтирате електричниот апарат на рамна и стабилна
работна подлога, може привремено да го поставите со
заштита од превртување.
 Без заштитата од превртување, електричниот
апарат нема да биде стабилен и може да се преврти
при сечење на максимални агли на закосување.
– Свртете ја заштитата од превртување 12 навнатре или
нанадвор додека електричниот апарат не застане
рамно на работната површина.
PCM 8 ST: Монтажа со подножје (види слики F1–F6)
– Ставете по едно пластично капаче на профилот на
ногарките F.
– Вметнете по две запорни завртки g низ долгиот профил
на ногарки F, низ краткиот профил на ногарки C и низ
краткиот профил за поврзување E. Поставете ги лабаво
запорните завртки со навртките со прирабница h.
1 609 92A 1KU | (24.10.16)
– Поврзете ја втората ногарка (долг профил на ногарки F,
краток профил на ногарки C) со краткиот профил за
поврзување E. Поставете ги лабаво запорните завртки
со навртките со прирабница h.
– Повторете ги двата претходни чекори со останатите
профили F, C, E.
– Страничните делови на подножјето поврзете ги со долг
профил за поврзување D. Прицврстете ги запорните
завртки со навртките со прирабница h.
– Поставете ги долгите профили на глава A на профилите
на ногарки C и прицврстете ги со подножјето.
– Ставете ги кратките профили на глава B од надвор на
долгите профили на глава A (отворите нагоре) и
прицврстете ги со подножјето. Внимавајте да се
израмнат отворите на двата дела на главата.
– Ставете ја лимената подлога i до крај на кратките
профили на глава B. Внимавајте да се израмнат
отворите на лимената подлога и делот на главата.
– Вметнете по една запорна завртка g низ
четириаголната дупка на лимената подлога i и
профилот на главата B. Прицврстете ги запорните
завртки со навртките со прирабница h.
– Затегнете ги сите завртки со прирабници h со окаст или
вилушкаст клуч (12 mm).
– Ставете го електричниот апарат на лимените подлоги i.
Внимавајте да се израмнат отворите 9 на електричниот
апарат со отворите на лимените подлоги и делот на
главата.
– Прицврстете го електричниот апарат со подножјето со
помош на завртките за прицврстување j, подлошките k
и навртките со прирабница h.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања
на дишните патишта на корисникот или лицата во
околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест може да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Секогаш користете вшмукувач за прав.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Pcm 800 sPcm 8 stPcm 8

Table des Matières